070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Истражи ја природата

"International Mountaineering Orienteering Competition 2016"

Во периодот од 30 Септември до 02 Октомври 2016 година во Покљука,на Јулиски Алпи, Р. Словенија беше одржан Меѓународен Натпревар во Планинарска Ориентација - IMOC 2016 год. организиран од страна на Планинарскиот Сојуз на Словенија. Меѓународниот Натпревар во Планинарска Ориентација - IMOC 2016 претставува иницијатива на Балканската планинарска унија (BMU) со цел обновување на овој интересен спорт кој последен пат на бившите југословенски простори бил одржан во раните 90ти години од минатитот век. Балканската планинарска унија (БMU) претставува унија на 10 национални планински сојузи меѓу кои Албанија, БиХ, Црна Гора, Бугарија, Грција, Словенија, Србија, Турција и Хрватска меѓу кои и Македонија(ФПСМ). Натпреварот во планинарска ориентација претставува тест за нивото на подготвеност на планинарите, знаењата и вештините во областа на ориентацијата и планинарските спортови како и на психофизичката подготвеност. Акцент се става на познавањето на употребата на техничките средства (топографска карта, компас) за движење во природа, посебно во непознати планински предели. Меѓународниот натпреварот во планинарска ориентација вклучи натпреварувачки тимови од 3 до 5 натпреварувачи поделени во три категории, Јуниори, Возрасни и Сениори, независно од полот на кандидатите. Натпреварот беше поделен на два дела: теренски ориентациони натпревари, дневен и ноќен, како и на теоретско и практично тестирање каде натпреварувачите ги покажуваа вештините и знаењата поврзани со ориентација во просторот, читање на топографски карти со помош на бусола, ориентирање без компас во ноќни и денски услови, врзување јазли, планинарство, прва помош во планина и сл. На овој меѓународен натпревар учество земаа 12 натпреварувачи од Македонија поделени во 4 тимов со 3 учесника во секој тим. Македонија се претстави со еден Јуниорски тим, два тима во категоријата за Возрасни и еден тим во Категоријата Сениори. Натпреварувачите кои ја претставуваа земјата на Меѓународниот Натпревар во Планинарска Ориентација - IMOC 2016 обезбедија пласман преку учетвото во Државното Првенство во Планинарска Ориентација во Македонија организирано во периодот од 27 до 29 Мај 2016 година. Првенството во Македонија се оддржа на Попова Шапка, на падините на Шар Планина и беше организирано од Друштвото за планинарски спортови “Трансверзалец”– Скопје, поддржано од Федерација на Планинарски Спортови на Македонија (ФПСМ). Македонските тимови беа предводени од Селекторот на репрезантацијата Душко Бошковски и со поддршка од Федерација на Планинарски Спортови на Македонија (ФПСМ). Македонија се пласираше на третото место во вкупниот пласман на репрезантациите, додека првото место го освои Словенија а на второто место се пласираше репрезентацијата на Србија. Највисок пласман од македонските тимови постигнаа јуниорките Марија Серафимовска, Христина Серафимовска и Анастасија Ристова кои се пласираа на третото место во Јуниорската категорија. Предвидено е одржување на натпреварување во планинарска ориентација секоја година во различни држави членки на Балканската планинарска унија (BMU), Македонија ќе биде земја домаќин во 2019 година.

129 фотографии


Сакаш да посетиш вакви места ? Ајде да планинариме заедно