070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

26 Aug

Орле, Вишешница   August 26, 2017 Планинарство

img

На 26.08.2017 (сабота) во рамки на Планинарски предизвик „12 Врвови“, Планинарско Друштво Трансверзалец организира повторно искачување на врвот Орле. Акцијата е дел од проектот Планинарски предизвик "12 Врвови" кој беше петти врв за искачување во рамки на проектот..

Врвот „Орле“ се наоѓа на планината Вишешница над Тиквешкото Езеро. Станува збор за врв висок 1.480 метри кој е во близината на градот Кавадарци. Врвот доминира над целиот регион. Од врвот се гледа како на дланка речиси цела Македонија. 
Акцијата ќе започне со старт од хидроцентралата „Тиквеш“ која се наоѓа на надморска височина од 260 метри.

Се искачува 1250 метри висинска разлика, должина на патека 30 километри.
Временски е предвидено искачување од 4.5 -5 часа и симнување 4 часа.

Поаѓањето е од Скопје, ПТТ (Железничка станица) во 05.00 часот.

Цена на акцијата изнесува 600 ден(во цената е вклучен превозот, организацијата и се вклучени 100 ден. за предизвикот „12 Врвови„). Учесниците кои ќе дојдат со сопствен превоз а сакаат да учествуваат во предизвикот „12 Врвови„ треба да уплатат 100ден.

Се замолуваат сите оние пријавени предизвикувачи на кои ова ќе им биде 3 освојување на врв од предизвикот, да се пријават за да добијат маица со логото на предизвикот, која следува како награда за 3 искачени врвови.

Напомена: Организаторот го задржува правото да го промени планот, да ја одложи или откаже акцијата во случај на лоши временски услови и непредвидени околности. Сите учесници треба да се со во добра здравствена состојба, да имаат добра психофизичка . Сите планинари на оваа акција поаѓаат доброволно и на сопствена одговорност. 

Лице за контакт: Зоран Костадинов 070/641-998

Пријавување и набавка на карти за превоз : најкасно 24.08.2017 во продавницата пред студенсткиот дом Кузман Јософовски Питу секој ден од 10 до 21ч., на редовен состанок на друштвото секој Четврток од 20 до 21.30ч. и во Книжара на Студентски Збор од 09.00 до 19.00 ч. Контакт телефон 071/591- 260

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција