070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

27 Aug

Стрижек, Јабланица   August 27, 2017 Планинарство

img

На 27.08.2017 (недела) во рамки на Планинарски предизвик „12 Врвови“, Планинарско Друштво Трансверзалец организира повторно искачување на врвот Стрижак на планината Јабланица. Акцијата е дел од проектот Планинарски предизвик "12 Врвови" кој беше десетти врв за искачување во рамки на проектот.

Трансверзала по целото било на планината Јабланица, каде ќе ги искачиме нејзиниот втор врв по височина, но прв по тешка пристапност - Стрижек, висок 2233 м.н.в, од каде што потоа ќе ги посетиме 4 прекрасни природни леднички езера - Горно и Долно Лабунишко, Подгоречко и Вевчанска Локва под највисокиот врв Црн Камен, од каде низ шумовит дол со неколку извори се спуштаме до Вевчани. 

Почетна точка: Лабуништа, 08:00 h
Завршна точка: Вевчани
Должина на патеката: 23 км
Вкупно времетраење: 10 часа (3 - 3,5 часа искачување, 4 часа движење по билото покрај езерата, 2,5 часа слегување)
Тежина на акцијата: средно - тешка Здолжително носење на 2 литри вода. 

Цена на превоз 700 денари (100 денари одат за организацијата на предизвикот). Се молат сите останати учесници и посетители кои ќе одат со сопствен превоз, да уплатат учество во акцијата од 100 денари, кои ќе се искористат за: изработување на значките и обезбедување на наградите за предизвикот „12 Врвови“, организирање голема 2 дневна забава на крајот на предизвикот, печатење маици, бележење и маркирање на планинарските патеки по кои ги искачуваме врвовите.

Поаѓање од Скопје: 05:00 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар) поради должината на патувањето над 190 км во правец; со можност за качување по Партизанска на: Градежен, Хотел Карпош, City Mall, пекара Цујо - Ѓорче Петров.

Се замолуваат сите оние пријавени предизвикувачи на кои ова ќе им биде 3 освојување на врв од предизвикот, да се пријават за да добијат маица со логото на предизвикот, која следува како награда за 3 искачени врвови.

Напомена: Организаторот го задржува правото да го промени планот, да ја одложи или откаже акцијата во случај на лоши временски услови и непредвидени околности. Сите учесници треба да се со во добра здравствена состојба, да имаат добра психофизичка . Сите планинари на оваа акција поаѓаат доброволно и на сопствена одговорност. 

Лице за контакт: Зоран Костадинов 070/641-998

Пријавување и набавка на карти за превоз : најкасно 24.08.2017 во продавницата пред студенсткиот дом Кузман Јософовски Питу секој ден од 10 до 21ч., на редовен состанок на друштвото секој Четврток од 20 до 21.30ч. и во Книжара на Студентски Збор од 09.00 до 19.00 ч. Контакт телефон 071/591- 260

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција