070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

03 Sep

Водени Камен, Жеден   September 03, 2017 Планинарство

img

На 03.09.2017 (недела) во рамки на Планинарски предизвик „12 Врвови“, Планинарско Друштво Трансверзалец организира повторно искачување на врвот Водени Камен на планината Жеден. Акцијата е дел од проектот Планинарски предизвик "12 Врвови" кој беше трети врв за искачување во рамки на проектот.

Врвот Водени Камен се наоѓа на планината Жеден, и е висок 1.259 метри надморска височина.

Правиме „трансферзална“ тура во должина од 16 километри преку целата планина Жеден почнувајќи од селото Радуша на северното подножје, а завршувајќи во селото Рашче на источната подножје. Времетраењето на целата тура изнесува 7 часа (најмалку 3,5 часа за искачување). На слегување ќе имаме можност да ја видиме и посетиме пештерата Дона Дука. Доколку не послужат временските услови ќе имаме можност да уживаме во извонредно прекрасната глетка на цела Шар Планина, целиот масив на Мокра (Караџица, Јакупица, Голешница, Китка), цела Скопска Црна Гора кањонот Матка, Дервенска Клисура. Како што кажува самото име на планината - ЖЕДЕН, потребно е да носите1,5-2 литри вода во шише!

Поаѓање од Пошта 2 - на железничка во 06:00 часот.
Цена: 300 денари (100 денари одат за организацијата на целогодишниот предизвик).


Се замолуваат сите оние пријавени предизвикувачи на кои ова ќе им биде 3 освојување на врв од предизвикот, да се пријават за да добијат маица со логото на предизвикот, која следува како награда за 3 искачени врвови.

Напомена: Организаторот го задржува правото да го промени планот, да ја одложи или откаже акцијата во случај на лоши временски услови и непредвидени околности. Сите учесници треба да се со во добра здравствена состојба, да имаат добра психофизичка . Сите планинари на оваа акција поаѓаат доброволно и на сопствена одговорност. 

Лице за контакт: Зоран Костадинов 070/641-998

Пријавување и набавка на карти за превоз : најкасно 31.08.2017 во продавницата пред студенсткиот дом Кузман Јософовски Питу секој ден од 10 до 21ч., на редовен состанок на друштвото секој Четврток од 20 до 21.30ч. и во Книжара на Студентски Збор од 09.00 до 19.00 ч. Контакт телефон 071/591- 260

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција