070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

02 Sep

Ливадичко Езеро   September 02, 2017 Планинарство

img

На 02 Септември 2017, ДПС Трансверзалец- Скопје организира искачување на Ливадичко езеро, кое се наоѓа на крајниот североисточен дел од Шар Планина, под врвот Ливадица (2.491мнв) на надморска височина од 2.137 метри 
Планинарска патека започнува од излетничкото место Петачко Водиче над с. Беловиште и води до Ливадичко Езеро. Искачувањето од Петачко Водиче до Ливадичко езеро е околу 5 часа. Доколку во групата има интерес може да се искачи и врвот Пирибег кој е приближно на уште 1 час искачување од Ливадичко езеро. 

o Карактеристични точки: Петачко Водиче 875 мнв – Ливадичко езеро 2137 мнв - врв Пирибег 2514 мнв
o Висинска разлика: совладување на надморска височина од 1500 м
o Времетраење: 6 часа искачување, 5 часа враќање
o Цена: 400 ден 
o Поаѓање: во 6.00 ч, Пошта- Железничка Скопје
o Пријавување : најкасно до 31.08.2017

Информации: Зоран Костадинов - 070 641 998

Исхраната е од ранец, вода најмалку 1,5л, облека и планинарска опрема според најавената временска прогноза, задолжително да се носат разгазени планинарски чевли, кабаница за дожд, по можност планинарски стапчиња.

Организираниот превоз од Скопје ќе чини 400 денари и тргнува од паркингот пред Пошта 2 (железничка) во 06:00 часот. 

Напомена: Организаторот го задржува правото да го промени планот, да ја одложи или откаже акцијата во случај на лоши временски услови и непредвидени околности. Сите учесници треба да се со во добра здравствена состојба, да имаат добра психофизичка. Сите планинари на оваа акција поаѓаат доброволно и на сопствена одговорност. Турата ќе се одржи доколку има најмалку 10 пријавени учесници.

Пријавување и набавка на карти за превоз : најкасно 31.08.2017 во продавницата пред студенсткиот дом Кузман Јософовски Питу секој ден од 10 до 21ч., на редовен состанок на друштвото секој Четврток од 20 до 21.30ч. и во Книжара на Студентски Збор од 09.00 до 19.00 ч. Контакт телефон 071/591- 260

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција