070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

16 Sep

Триезерски поход на Пелистер и Преспа   September 16, 2017 - September 17, 2017 Планинарство

img

За завршеток на летото одиме на викенд со вистинско уживање на падините на прекрасната Баба Планина и националниот парк Пелистер, одејќи на поход на 3 езера: Големото и Малото од Пелистерски Очи и Преспанското Езеро, со искачување на врвот Пелистер и посета на прекрасните преспански села Брајчино и Љубојно.

САБОТА 16.09. 
Тргнување: од Скопје во 05 часот од Пошта 2 - Железничка, пристингување во с. Ниже Поле во 08:00 часот
Искачување до Планинарскиот дом „Димитар Илиевски - Мурато“ крајGolemo Ezero во должина од 3 до 3,5 часа по патеката низ Дебел Рид (има чешми на 3 места). Пристигнување и сместување во планинарскиот дом 11-12 часот.
За оние кои сакаат: Искачување на врвот Пелистер (2601 м.) - Антени со минување и пауза покрај Малото Пелистерско Езеро во траење од 2 - 2,5 часа или вкупно 4 часа (12 - 16 часот).
Враќање и уживање крај Големото Пелистерско Езеро. Ноќевање

НЕДЕЛА 17.09.
Тргнување од планинарски дом „Димитар Илиевски - Мурато“ крај Големото Пелистерско Езеро во 7 часот преку превојот Орлови Бари и камените реки на пределот Балтан Планина со спуштање низ густите шуми до селото Брајчино, од каде со превозот ќе продолжиме на капење и одмор на плажата Сливница на Преспанското Езеро по што заминуваме за Скопје.

Цена: 1100 денари
Пријавување: најдоцна до 14.09. кај Зоран Костадинов - 070 641 998 и Марио Шаревски - 071 216 066, купување карти: во Планинарско Друштво Трансверзалец (простории на СПУКМ секој ден од 8 до 16 ч. и состаноци во четврток од 20 ч.), продавницата до студентски дом Кузман, „Студентски збор“.

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција