070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

08 Oct

Врв 1/12: Плавник на Даутица - Мокра (2126 мнв)   October 08, 2017 Планинарство

img

Втората сезона Планинарски предизвик „12 Врвови“ ја започнуваме со искачување на врвот Плавник на планината Даутица на главното било на Мокра - најголемиот по површина планински масив на територијата на Република Македонија. Започнуваме од познатото мијачко село Папрадиште и се движиме по гребенот Куртовица од каде досегнуваме до главниот срт и ги искачуваме двата врвови високи 2126 и 2119 метри сместени веднаш над изворите Плавник и самата истоимена падина која во доцна пролет сета е сина и поплавена од јорговани. Се движиме по патеката на Централната Илинденска трансверзала и продолжуваме до Чеплес, од каде (доколку е суво и не е влажен теренот) достигнуваме до изворите на реката Бабуна, чии прекрасни водопади го одземаат здивот, по што завршуваме во Нежилово.

Почетна точка: Папрадиште, 08:00 h
Завршна точка: Нежилово
Должина на патеката: 18 км
Вкупно времетраење: 8 часа
Тежина на акцијата: средна. Задолжително носење на 2 литри вода и препорачливо носење и употреба на планинарски стапчиња.

Поаѓање од Скопје: 06:00 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар).
Пријавување и купување карти најдоцна до 06.10 во Планинарско Друштво Трансверзалец секој ден од 8 до 16 часот и состаноци во четврток од 19:30, Зоран Костадинов - 070 641 998, продавницата кај студентски дом Кузман - СПУКМ од 8 до 20 ч..

Цена на превоз 600 денари (100 денари одат за организацијата на предизвикот). Се молат сите останати учесници и посетители кои ќе одат со сопствен превоз, да уплатат учество во акцијата од 100 денари, кои ќе се искористат за: изработување на значките и обезбедување на наградите за предизвикот „12 Врвови“, организирање голема 2 дневна забава на крајот на предизвикот, печатење маици, бележење и маркирање на планинарските патеки по кои ги искачуваме врвовите.

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција