070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

17 Dec

Бесна Кобила (1.923 мнв), Србија   December 17, 2017 Планинарство

img

На 17 Декември 2017 г. ДПС Трансверзалец Скопје организира еднодневна планинарска акција на планината Бесна Кобила со истоимениот врв со надморска височина од 1923 метри. 

Врвот Бесна Кобила е највисок врв во Југоисточна Србија, планината е дел од Родопскиот масив. Покрај планинарењето учесниците во акцијата ќе можат да уживаат и во Врањска Бања за што ќе биде потребна задолжителна опрема - купачи.

Искачувањето започнува од планинарскиот дом 1480 мнв.

Врвот Бесна Кобила е 1923 мнв што значи се искачуваат 557 мнв. 

Должина на патеката е во двата правци е 11 км со што во целост ги исполнува условите за зимски тури. Вкупно времетрење на акцијата за искачување и симнување е 2 до 2.5 часа.

Врвот нуди впечатлив поглед на Власинско Езеро , Пирин, Копаоник, Варденик.

По искачувањето на врвот се упатуваме кон Врањска Бања која го има најтоплиот извор во Европа со 94 целзиусови степени.

Поаѓање од Железничка станица каj Пошта 2 – Скопје во 06:00 часот со предвидено враќање во Скопје до 21:00 часот.

Потребна опрема:

Планинарска опрема за зимско искачување, разгазени планинарски чевли, планинарски стапчиња,гамашни, капа, ракавици , топла јакна исл.

Исхрана:

Исхраната е од ранец , најмалку 2л вода.

Kарти за акцијата може да се набават во Планинарско Друштво Трансверзалец – простории на Студентски парламент секој ден од 8 до 16 часот, петок од 19 до 21ч. и на состаноци во четврток од 19.30 до 21.30ч.

Цената за превоз : 500ден. 

Пријавување и уплати најдоцна до 15.12.2017 (петок)

Инфо: Зоран Костадинов 070/641 998

НАПОМЕНА:

- Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторите и водичите, во спротивно сам е одговорен занесаканите последици.

- Наведената планинарска акција е организирана и движењето се одвива во група предводена од организаторите и водичите.

- Организаторите и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и/или не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.

- Секој учесник во групата може да биде исклучен поради недолично однесување.

- Организаторите и водичите ги задржуваат правото на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

- Сите учесници во акцијата задолжително треба да располагаат со соодветна планинарска опрема за искачување во зимски услови. 

- Секој учесник мора да има соодветна психофизичка подготвеност за искачувањето и учествува на сопствена одговорност.

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција