070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

14 Jan

Врв 4/12: Гоглин на Козјак (1197 мнв)   January 14, 2018 Планинарство

img

За стара-нова година и Василица одиме на зимска тура по целото планинско било и срт на планината Козјак помеѓу Кривопаланечко и Кумановско на североистокот на Македонија да видиме хидрографски и историски знаменитости во овој предел. Започнуваме од селото П’клиште од каде во кружна насока се спуштаме до прекрасниот водопад Длабочица од каде повторно се искачуваме на планинското било и главниот срт на протегање на планината Козјак и пешачиме до нејизниот најјужен издаден врв Гоглин надвиснат над вештачкото Отошничко Езеро, каде ќе посадиме повеќе зимзелени садници. 

Почетна точка: П’клиште, 07:00 h

Завршна точка: Отошница

Должина на патеката: 25 км

Вкупно времетраење: 8 часа пешачење

Тежина на акцијата: средна. 

Задолжително носење на 2 литри вода и препорачливо носење и употреба на планинарски стапчиња и гамашни.

Поаѓање од Скопје: 06:00 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар).

Пријавување и купување карти најдоцна до 11.12 во Планинарско Друштво Трансверзалец секој ден од 8 до 16 часот, петок од 19 до 21ч. и на состаноци во четврток од 19:30 Зоран Костадинов - 070 641 998, Марио Шарески - 071 216 066, 

Цена на превоз: ќе се утврди врз основа на временските прилики и пристапноста на превозот во снежни услови до П’клиште. Во услови на висока снежна покривка и непристапност ќе се направи пократка тура, за што ќе следи навремено известување.

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција