070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

07 Jan

Плат, Шар Планина   January 07, 2018 Планинарство

img

ДПС ТРАНСВЕРЗАЛЕЦ организира божиќно искачување на врвот Плат на 07 Јануари 2018 год. 

Врвот Плат се наоѓа на планината Шар Планина, висок 2.398 метри надморска височина.

Искачувањето до врвот Плат е предвидено да започне од планинарскиот дом „Смрека“ (1.800мнв) на Попова Шапка преку бандерите на пределот Јелак кој излегува на широкиот, земјен колски пат за Лешница. По патот се доаѓа до месноста каде се наоѓаат Церипашинските бачила од каде се излегува на подножјето на врвот Плат. Од патоказната табла над Церипашински бачила има 1.5 час за да се искачи врвот. Искачувањето од планинарскиот дом до врвот Плат вкупно е околу 3.5 часа, враќањето ќе се одвива по истата патека во траење од 3 часа. Вкупно траење на акцијата е 6 -7 часа.

Патеката спаѓа во категорија Средно напорна копнена акција. 

Поаѓање од Скопје во 06:30ч на паркингот кај ПТТ (Железничка станица), цена 400ден. Попатни станици /Градежен факултет -Хотел Карпош - Сити мол - Ѓ.Петров/

Стартот на акцијата започнува од планинарскиот дом Смрека.

Карти за акцијата може да се набават во Планинарско Друштво Трансверзалец секој ден од 8 до 16 часот, петок од 19 до 21ч. и на состаноци во четврток од 19:30 

Пријавување и уплати најдоцна до 05.01.2018 (петок)

Инфо: Зоран Костадинов 070/641 998

НАПОМЕНА:

- Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторите и водичите, во спротивно сам е одговорен занесаканите последици.

- Наведената планинарска акција е организирана и движењето се одвива во група предводена од организаторите и водичите.

- Организаторите и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и/или не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.

- Секој учесник во групата може да биде исклучен поради недолично однесување.

- Организаторите и водичите ги задржуваат правото на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

- Сите учесници во акцијата задолжително треба да располагаат со соодветна планинарска опрема за искачување во зимски услови. 

- Секој учесник мора да има соодветна психофизичка подготвеност за искачувањето и учествува на сопствена одговорност.

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција