070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

21 Jan

Раса(1.369мнв)   January 21, 2018 Планинарство

img

На 21 Јануари 2018год. ДПС Трансверзалец организира зимско искачување на врвот Раса(1.369мнв) на Осој Планина.

Поаѓање во 07:00 часот со автобусот број 60 од автобуска станица под Железничка станица. До Матка може да се дојде и со автомобили.

Карактеристични точки:

Старт на акцијата во 8.30ч : пред кафеаната Мечкина дупка под црквата Света Богородица на Матка

Попатни точки: црквата Свети Спас и црквата Света Недела

Цел на акцијата: врвот Раса (1.369м)

Зимска акција која започнува од пред кафеаната Мечкина дупка под црквата Света Богородица во 8:30ч од каде по маркирана патека се пешачи 1.5 час до црквата Свети Спас каде има излетничко место и уште 20 мин до црквата Света Недела која е вгнездена повисоко во карпите. Од тука се поаѓа по патека до резерватот Јасен од каде се стасува до Врвот Раса. Се пешачи уште 1.5 до 2 часа.

Вкупното искачување до врвот е 3.5 часа а враќањето по истата патека е околу 3 часа.

За оние кои ќе доаѓаат со автобус, според возниот ред на ЈСП, автобус од Матка кон Скопје има во 13:25, 18:45 и 19:30 часот. Напомена: задолжително проверете го возниот ред за 60ка на ЈСП во случај да не има измени на наведениот датум. http://www.jsp.com.mk/PlanskiVozenRed.aspx

Патеката спаѓа во категорија Средно напорна зимска копнена акција. 

Исхраната е од ранец. Вода да се носи најмаку 2л. По патот нема вода.

Пријавување најдоцна до 18.01.2018 (четврток).

Контакт Зоран Костадинов 070/641 – 998

НАПОМЕНА:

- Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторите и водичите, во спротивно сам е одговорен занесаканите последици.

- Наведената планинарска акција е организирана и движењето се одвива во група предводена од организаторите и водичите.

- Организаторите и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и/или не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.

- Секој учесник во групата може да биде исклучен поради недолично однесување.

- Организаторите и водичите ги задржуваат правото на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

- Сите учесници во акцијата задолжително треба да располагаат со соодветна планинарска опрема за искачување во зимски услови. 

- Секој учесник мора да има соодветна психофизичка подготвеност за искачувањето и учествува на сопствена одговорност.

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција