070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

15 Feb

Обуки ориентација во просторот   February 15, 2018 Ориентација

img

Во текот на Февруари и Март месец 2018 година ДПС Трансверзалец ќе организира Обуки за ориентација во просторот. 

Обуките ќе бидат реализирани преку 4 теоретски предавања и 2 практични вежби на терен. 

Теоретските предавање ќе се одвиваат во следните термини:

  • 15.02.2018
  • 22.02.2018
  • 01.03.2018
  • 15.03.2018

во време од 19.30 до 20.30 часот во просториите на ДПС Трансверзалец- Студентски парламент пред студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу. 

По завршувањето на теоретските обуки предвидено е одржување на 2 практични часа во природа во Градски Парк и на Водно со користење на топографски карти изработени од ДПС Трансверзалец. 

Практичните часови ќе бидат одржани во следните термини:

  • 24.03.2018 Градски Парк
  • 31.03.2018 Водно

Напомена: практичниот дел од обуките ќе биде координиран според можностите на учесниците, по потреба практичните обуки може да се изведат и повеќе пати од наведеното.

Обуката ќе опфати изучување на темите: 

  • Што претставува Ориентација во просторот
  • Начини на ориентација во просторот
  • Ориентирање со топографска карта и користење на бусола(компас)
  • Што значи Азимут
  • Ориентирање со помош небесни тела, предмети и знаци на земјиштето
  • Видови на ориентација
  • Спортска и планинарска ориентација и типови на натпревари
  • GPS навигација

Обуките овозможуваат теоретско и практично знаење за Ориентирањето во просторот.

На сите учесници во обуките ќе им биде овозможено да земат учество во годишната лига на спортка ориентација и лига на планинарска ориентација - учество на натпревари во Р. Македонија и странство.

Обуката ќе биде водена од лиценцирани предавачи за ориентација.

Цена на обуката изнесува 1000 ден. ( во цената се вклучени материјалите за обука, топографски карти и материјали за ориентација).

За членови на ДПС Трансверзалец со платена чланарина за 2018 год. цена на обуката изнесува 500 ден.

Обуката ќе се одржи доколку се пријават минимум 5 учесници. Доколку има пријавено повеќе од 20 учесници организаторот ќе ги подели во 2 или повеќе групи во различни термини.

Пријавување и информации за обуката најдоцна до 13.02.2018год. на телефоните:

070/317 -740 Душко Бошковски

070/641-998 Зоран Костадинов

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција