070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

10 Feb

Кајмакчалан 2528 мнв и Кравица 1682 мнв   February 10, 2018 - February 11, 2018 Планинарство

img

На 10 и 11 Февруари 2018 г. ДПС Трансверзалец – Скопје организира дводневна акција за искачување на врвовите Кајмакчалан и Кравица на планината Ниџе.

Врвот Кајмакчалан е висок 2.528 мнв а се наоѓа на планината Ниџе. Лоциран е на јужната граница од Македонија, и е петти највисок врв во Македонија и трет највисок врв во Грција. Од врвот се гледаат Островското Езеро и Петерското Езеро во Грција, како и областа Мариово во Македонија. Во близина на Кајмакчалан се наоѓаат селата Скочивир, во Македонија, како и селото Чеган и ски-центарот Ворас, во Грција. 

Планинското било на Ниџе на североисток започнува со врвот Кравица висок 1682 мнв. Врвот Кравица бил важно стратешко место во текот на Првата светска војна, а во близина се наоѓа и месноста Добро Поле, каде во септември 1918 г е пробиен Македонскиот фронт.

Програма:

Сабота – 10.02.2018

Поаѓање од Пошта 2 на Железничка станица – Скопје во 01ч. со автобуски превоз. 

Возење преку граничен премин Меџитлија и пристигнување во скии центрите на Ниџе под врвот Кајмакчелан. Искачувањето на врвот Кајмакчалан започнува од од 2.020 мнв од ски терените и за искачување на врвот се совладува надморска височина од 500 метри. Должината на патеката е 3,5 км во правец и се потребни максимално 2.5 часа за искачување. По желба дел од искачувачите може да ја користат и жичарата со што би имале минимално искачување до врввот Кајмакчалан. По искачувањето следи посета на Едеса (Воден) во претпладневните часови. Во градот има 25.000 жители Во непосредна близина на градот се наоѓаат неколку природни езера и водопади на реката Вода (Воденка). кои се голема туристичка атракција. Во рамки на турата ќе го посетиме најголемиот водопад Керинос од 70 метри.

По посетата на Едеса(Воден) предвидено е пристигнување во Лутраки(Пожар) и сместување. Лутраки или Пожар e мало туристичко место со околу 2.000 жители, изобилува со минерални лековити извори, природни бањи, богата флора, место идеално за одмор и релаксирање. Карактеристични се двете реки по кои е познато местото, едната студена а другата е со 36 до 38 степени. Лутраки е познато и по бањите за релаксирање, базените и прекрасните кафеани. Ноќевање со можност за посета на локалните кафанчиња и бањање во бањите. Цена на бањата е 2 евра надворешната во река и 3 евра надворешниот базен.

Недела – 11.02.2018

Во 05ч. изутрина старт на акцијата за искачување на врот Кравица. Искачувањето на врвот Кравица висок 1.682мнв е во траење од 4 часа а за симнување се потребни 3 часа. Доколку дозволат временските прилика и состојбата на теренот предвидена е и посетана на месноста Добро Поле. За оние кои нема да планинарат останува да уживаат во убавините на Лутраки и да го искористат денот за прошетка или бањите за релаксирање, базените и прекрасните кафеани.

Враќање кон Скопје во попладневните часови преку граничниот премин Меџитлија.

Потребна опрема за планинарење за зимски услови и сголасно прогнозата, искраната е од ранец и најмалку 1,5л до 2л вода. 

За бањите потребни ви се пешкир и костим за капење.

Пријавување и уплати најдоцна до 08.02.2018 (четврток). 

Карти за акцијата може да се набават во Планинарско Друштво Трансверзалец секој ден од 8 до 16 часот, петок од 19 до 21ч. и на состаноци во четврток од 20ч. 

Цена: 33 евра или 2000 ден. Во цената се вклучени превоз, ноќевање и доручек.

Напомена : 

  • Патничко осигурување учесниците обезбедуваат самостојно.
  • Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторите и водичите, во спротивно сам е одговорен занесаканите последици.
  • Наведената планинарска акција е организирана и движењето се одвива во група предводена од организаторите и водичите.
  • Организаторите и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и/или не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
  • Секој учесник во групата може да биде исклучен поради недолично однесување.
  • Организаторите и водичите ги задржуваат правото на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.
  • Сите учесници во акцијата задолжително треба да располагаат со соодветна планинарска опрема за искачување во зимски услови. 
  • Секој учесник мора да има соодветна психофизичка подготвеност за искачувањето и учествува на сопствена одговорност.

Интересни историски податоци:

Врвот Кравица бил важно стратешко место во текот на Првата светска војна, а во близина се наоѓа и месноста Добро Поле, каде во септември 1918 г е пробиен Македонскиот фронт.

Добро Поле е локација на самата граница помеѓу Македонија и Грција и место каде се случил пробојот на Македонскиот фронт за време на Првата светска војна.

Битката за Добро Поле се водела од 14 до 18 септември 1918 г, по што силите на Антантата успеале да се пробијат длабоко во територијата на Македонија.

Посетата на оваа локација претставува одлично 4х4 доживување особено интересно за посетителите кои ги интересира Првата светска војна, но исто така, живописната природа и прекрасните предели на Мариово, нема да ги остават рамнодушни и другите посетители.

Врвот Кајмакчалан во текот на Првата светска војна бил една од клучните позиции на Македонскиот Фронт. Битката на Кајмакчалан останала запаметена во историјата по големиот број на жртви кои ги претрпеле двете завојувани страни, односно бугарската и српската војска, кои една спроти друга биле стационирани на овој дел на фронтот.

И во двете војски имало голем број на присилно регрутирани Македонци.

Дека врвот Кајмакчалан бил важна стратешка позиција, зборува фактот што Бугарите го нарекле „Борисов град“ (по престолонаследникот Борис) бидејќи мислеле дека е неосвоив, а додека пак Србите го нарекле „Капија на слободата“.

Битката за Кајмакчалан е водена помеѓу 12 и 30 септември 1916 година. Помеѓу 26 и 30 Септември борбите биле особено жестоки, се додека српската војска не го зазела и задржала на 30 септември.

Човечките жртви биле огромни и на двете страни, пред се поради битката гради во гради.

Со заземањето на Кајмакчалан, на војските на Антантата им е овозможено да продолжат со понатамошните операции, во кои што подоцна на 19 Ноември 1916 ќе ја заземат и Битола.

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција