3-221-350

Најава за акција

25 Feb

Црн Камен 1.585 мнв , Скопска Црна Гора   February 25, 2018 Планинарство

img

На 25.02.2018г. (Недела) ДПС Трансверзалец- Скопје организира планинарска тура за искачување на врвот Црн Камен 1.585 мнв на Скопска Црна Гора.

Стартна позиција е во с.Побожје на последната автобуска станица на бр.61 во 7.30ч. Превозот е со сопствени возила или со автобус.

До с.Побожје се оди со автобус бр.61 кој поаѓа од Транспортен Центар во 6,45 ч. 

Патеката се одвива по Спирова патека преку с.Бродец до Спирова колиба од каде се искачува врвот Црн Камен.

Враќањето е преку с.Љубанци, автобуска станица бр.47. Автобус бр.47 се враќа во 14,10 во 15,10 или 16,15 часот .

Акцијата спаѓа во категорија Средно тешки акции со вкупна денивелација од 1000 м.

Исхраната е од ранец, вода најмалку 1.5л. и планинарска опрема согласно временските прилики и најавена временска прогноза.

Пријавување најдоцна до 23.02.2018 (петок)

Информации – Зоран Костадинов 070/641-998

НАПОМЕНА:

  • Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторите и водичите, во спротивно сам е одговорен занесаканите последици.
  • Наведената планинарска акција е организирана и движењето се одвива во група предводена од организаторите и водичите.
  • Организаторите и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и/или не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
  • Секој учесник во групата може да биде исклучен поради недолично однесување.
  • Организаторите и водичите ги задржуваат правото на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.
  • Сите учесници во акцијата задолжително треба да располагаат со соодветна планинарска опрема за искачување во зимски услови. 
  • Секој учесник мора да има соодветна психофизичка подготвеност за искачувањето и учествува на сопствена одговорност.

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција