3-221-350

Најава за акција

20 Apr

15-ти Меморијален марш „Чичко Јосиф Илковски 2018 година„   April 20, 2018 - April 22, 2018 Планинарство

img

ДПС Трансверзалец од Скопје по 15-ти пат ќе го организира Меморијалниот Марш „Чичко Јосиф Илковски 2018 година„ во чест на нашиот драг пријател и планинар, писател и борец за Македонија како пристојно место за живеење, кој трагично загина бранејки ја убавината на нашата планина Китка- „Јосиф Илковски 1924-2001„ 

Мото на маршот е заветот на Чичко Јосиф „Човеку-нечовеку, границата твоја е доброто-злото„ 

Основна цел на маршот е масовно вклучување на граѓаните во планинарството како спорт за своја душа и тело. Искачувањето на Китка ви овозможува прошетка по прекрасните падини за цела фамилија, без оглед на староста и полот. Да почуствувате задоволство на победа, зошто секој кој ќе се искачи на врвот е победник. Маршот е составен од две патеки и тоа: 

1. Екстремна патека – Три (3) дневен марш од 20 до 22.04.2018 г. Маршрута: планинарски дом „Чеплес„ -Солунска Глава (2540 м.) -Бегово поле-планинарски дом Караџица - Алдинци - Преслап - планинарски дом Китка - Горно Количани.

Патеката е долга 58 км со 2620 м. висинска разлика и се пешачи 19 ч. Зборно место планинарски дом Чеплес на 20.04.2018 во 07 ч. Бројот на учесници е делумно ограничен поради нокевање во планинарските домови Чеплес и Караџица. Исхраната е од ранец. 

2. Рекреативна патека - Еднодневна акција на 22.04.2018 г. Маршрута: с.Горно Количани - планинарски дом Китка - с.Горно Количани. Должина на патеката е 8100 м. со висинска разлика од 780 м. и се пешачи 2:30 ч. и 2 ч. за враќање. 

Зборно место на 22.04.2018 пред ПТТ Железничка станица во 08 часот. Бројот на учесници не е ограничен. Организаторот обезбедува превоз на релација Скопје-Горно Количани-Скопје на 22.04.2018 - цена 150 денари. Исхрана од ранец, обезбеден чај. Во 13 ч. Ке се положи цвеќе и ке се одржи пригодна беседа за нашиот драг пријател Јосиф Илковски. 

3. Bike тура – Еднодневна велосипедска акција на 22.04.2018 г. Маршрута: Дрвара Драчево - с.Горно Количани – Преслап - планинарски дом Китка – плоча Чичко Јосиф Илковски- Попов Гумно- с.Градовци – с.Зелениково - Драчево. Стартот на велосипедската акција е од Дрвара Драчево во 07ч.

  • Право на учество има секој кој се чуствува здрав и способен за ваков предизвик и сака да партиципира во чествувањето за Чичко Јосиф. 
  • Патеката е одбележана со црвен круг и внатре со бела боја или црвена со бела линија, или црвени и жолти знаменца. 
  • Однесување на патеката - секој учесник е должен да ја чува околината од пожар, смет, кршење, загадување - нека листот и понатака зеленее. 
  • Учесниците во акциите треба да располагаат со соодветна планинарска опрема согласно временската прогноза
  • Учесниците треба да се со соодветна психо физичка подготовска и земаат учество на сопствена одговорност

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција