За осмиот предвиден врв одиме уште по на исток во источниот дел на Македонија каде ќе планинариме, ќе ја разгледуваме разбудената пролетна растителност и ретките растителни видови од биодиверзитетот на Македонија.
Го искачуваме врвот Кадиица (1932 мнв) на Влаина Планина која е најсеверна огранка на масивот на Малешевските Планини, на самиот срт и гранична линија помеѓу Македонија и Бугарија.
Патека: Пехчево - врв КАДИИЦА
Должина: 21 km
Тежина: Средно тешка
Искачување на висинска разлика: 932 m
Почетна и завршна точка: Пехчево
Вкупно времетрарње: 10 часа
Патеката е долга 21 километар и започнува од центарот на градот Пехчево на 1000 метри надморска височина. После 7 километри пешачење се стигнува до карпестата формација, локалитетот Вртена скала. Висинската разлика на патеката е 932 метри. Патеката минува низ борова и букова шума. Највисоката точка на патеката е врвот Кадиица на планината Влаина кој е втор врв по големина во источниот дел на Република Македонија, на 1932 метри надморска височина. Планината се протега долж самата граница со Бугарија и нуди прекрасен поглед кон Македонските планини и селца, како и кон планините Рила и Пирин во Бугарија. Втора највисока точка на патеката е врвот Орловец на планината Буковик со 1723 метри надморска височина. При крајот на патеката на одалеченост од 3,5 километри од градот Пехчево и на надморска височина од околу 1200 метри се наоѓа инсектојадното растение Drosera Rotundifolia. Патеката завршува во центарот на Пехчево, повторно на 1000 метри надморска височина.
Повеќе инфо: http://www.hotelgogov.mk/mk/sport-and-recreation/planinarska-pateka-pehchevo-vrv-kadiica-1932-m-n
Поаѓање од Скопје: 05:00 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар) - молиме за разбирање и навремено доаѓање бидејќи треба да се патуваат 175 км - 3 часа во правец.
Цена: 700 денари
Пријавување (за целосно сигурно одење) најдоцна до сабота 05.05.2018 во 17 часот, на Марио Шаревски - 071 216 066, Верица Тодоровска - 070 342 787 и Лимонка Тасева - 071 591 260 или во порака на facebook страницата на Планинарски предизвик „12 Врвови“ задолжително со име и презиме (доколку сте целосно сигурни дека доаѓате).
УПАТСТВА:
- Тежината на патеката е средна и не е препорачлива за почетници.
- Временските услови се најавуваат за сончево до умерено облачно со услови за слаб дожд (https://www.yr.no/place/Macedonia/Pehcevo/Pehčevo/long.html) поради што е препорачливо носење на кабаница/ветровка јакна со долги ракави, резервна маица и капа.
- Задолжително носење на планинарски стапчиња (за стрмни и каменести делови)
- Мобилните телефони да бидат со полни батерии (најмалку 95%)
- Храна од ранец
Повелете да уживаме во Македонија.