070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

13 May

Врв 6/12: Висока на Селечка Планина (1472 мнв)   May 13, 2018 Планинарство

img

Во рамки на програмата на овогодинешното седмо издание на големиот фестивал и собир на спортови на отворено Mariovo Off-Road Experience 2018, во недела на 13.05. во делот за планинарство ќе ја одржиме „репризната“ тура на шестиот врв предвиден за овогодинешниот планинарски предизвик „12 Врвови“: Висока на Селечка Планина висок 1472 метри. Ни претстои вистинска архео-планинарска тура каде ќе ги видиме археолошките ископини од палата на самиот врв и древна гробница на западното подножје на планината под него, за кои стручната јавност и археолозите со голема веројатност утврдуваат дека се остатоци од древниот македонски град Пелагон(ија/еда/ида).

Кружна патека: превој Писокал - врв Висока - село Бонче - превој Писокал

Патеката започнува кај скршувањето на патот за село Бонче и започнува со искачување во југоисточен и јужен правец преку малата висорамнина Шипот под гребенот Гробот свртува во јужен и југозападен правец искачувајќи се по гребенот и врв Грнчарица (1332 м.н.в.) од каде се спушта до преслапот Коњарник каде се наоѓаат запуштените извори-кладенци Смрдлаец (водата не е за пиење) и од таму по стрмна падина искачува навлегувајќи во густа дабова шума до археолошките ископини на античкиот град Пелагон веднаш под самиот карпест врв Висока (1472 м.н.в.). Од врвот Висока, патеката продолжува во јужен правец по сртот на протегање на Селечка Планина се до пределот Релев Камен од каде скршнува кон запад (десно) и се спушта низ многу обраснат предел на западната падина на Селечка Планина над Мечкин Дол се до котата Колкот од каде слегува до древната гробница на археолошкото наоѓалиште Старо Бонче по што по широка патека стигнува до селото Бонче, од каде по мала делница на асфалт и Писокалската вакафска чешма (водата е за пиење) завршува на почетната точка на ширината на превојот Писокал на скршнувањето за Бонче. 

Патеката е снимена и достапна во GPX фајл и е обележана со црвено-бели (наместа и портокалови) маркации од ПСД „Козјак“ од Прилеп, археолозите и повторено и нови по трасата поставени од ПД „Трансверзалец“ и тимот на „12 Врвови“, 

Должина: 16 километри

Тежина: средно-тешка 

Времетраење: 8 часа

Поаѓање од Скопје: 06:00 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар).

Цена: 600 денари

Поаѓање за учесниците од кампот на Mariovo Off-Road Experience 2018 кај манастирот Св. Илија - Мелница: 08:00 h.

Пријавување (за целосно сигурно одење) најдоцна до сабота 12.05.2018 во 17 часот, на Марио Шаревски - 071 216 066 (особено за оние кои ќе се во кампот во Мариово), Верица Тодоровска - 070 342 787 и Лимонка Тасева - 071 591 260 или во порака на facebook страницата на Планинарски предизвик „12 Врвови“ задолжително со име и презиме (доколку сте целосно сигурни дека доаѓате).

УПАТСТВА:

-- Тежината на патеката е средна и не е препорачлива за почетници. 

- Особена тежина претставуваат карпите на самиот врв и по сртот, кои на влажни и врнежливи услови може да бидат лизгави, а воедно тие и големата обраснатост со трева, растенија и грмушки по патеката, наложуваат задолжително носење на: разгазени планинарски чевли со висок глужд (не ниски или лесни патики за трчање кои се виткаат) и панталони со долги ногавици

- Временските услови за целата област Мариово најавуваат дожд (https://www.yr.no/place/Macedonia/Other/Mariovo/long.html) поради што е задолжително носење на кабаница/ветровка јакна со долги ракави, резервна маица и капа, кои ако за среќа нема потреба да се облечат во моментот, ќе бидат дел од приборот во ранец.

- Носење на планинарски стапчиња (за стрмни и каменести делови)

- Мобилните телефони да бидат со полни батерии (најмалку 95%)

- Храна од ранец

Повелете да уживаме во прекрасните и природни и древни убавини на Мариово и Македонија

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција