070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

14 Jul

Лешница на Шар Планина   July 14, 2018 Планинарство

img

Летото ја нуди можноста за уживање во најубавите недопрени и волшебно прекрасни природни убавини на Шар Планина, а еден од нејзините бисери е токму долината на Лешница. Вистински планински предел со „алпски крајолик“: водопади, кади, шарската круна со највисоките врвови, бујни шуми, шумски плодови, прекрасни глетки.

Тура: ПОПОВА ШАПКА - ЛЕШНИЦА - с.БОЗОВЦЕ

Движење по патека: Попова Шапка (пл. дом. „Смрека“) - пат за Јелак - бачило Церипашина и поток Чарк / Церипашина Река - седло под врв Плат - Горна Лешница - Лешнички Водопад со кадите - Долна Лешница - село Бозовце

Вкупно времетраење: 5 часа (3 часа искачување и движење до Лешница + 2 часа симнување до с. Бозовце)

Тежина: средна ( 2 искачувања од по 30 мин во делот со бандерите од ПД „Смрека“ до предавателот над Јелак и од бачилото Церипашина до седлото под врвот Плат). Патеката нема многу тешки предели за искачување и е движење по претежно полесен тревнат терен и може да се приклучат и луѓе со помала планинарска и физичка (телесна) подготвеност и кондиција

Временски услови: сончево време (https://www.yr.no/place/Macedonia/Other/Bozovce/long.html) поради што е препорачливо носење на крема и очила за сонце и капа. Препорачливо носење и на планинарски стапчиња и јакна ветровка-шушкавец (за дожд) во ранец.

Вода: на 4 места, препорачливо носење шишиња од 1,5 до 2 литри.

Цена: 400 денари

Поаѓање од паркингот пред Пошта 2 / Железничка станица (Транспортен центар) во 06:00 часот. 

Пријавување (за целосно сигурно одење) и плаќање за земање на билети најдоцна до четврток 12.07.2018 во 21 часот, на Марио Шаревски - 071 216 066, Верица Тодоровска - 070 342 787 и Лимонка Тасева - 071 591 260.

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција