070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

04 Aug

Врв 7/12: Чупино на Плачковица (1725 мнв) - Повторување   August 04, 2018 Планинарство

img

На почетокот на месец август одиме на повторување на искачувањето на седмиот предвиден во источниот дел на Македонија каде ќе го искачуваме врвот Чупино (1725 мнв) во мала тура од селото Блатец до врвот Чупино и назад.

Тура: с. БЛАТЕЦ - врв ЧУПИНО - БЛАТЕЦ

Должина: 14 км (7 км во правец)

Опис на патеката: Патеката започнува од селото Блатец движејќи се кон југ преку пределот Османова Бавча се искачува на гребенот Валог (1343 м.н.в) од каде кон југозапад преку месноста Кадрова Бавча се искачува по срт помеѓу доловите Раков Дол на Блатешница и Виничка река на самото било и достигнува до врвот Чупино Брдо (1725 м.н.в). Веднаш до самиот врв под карпите во месноста Терасата ќе се направи главната пауза со глетка на целото било и планинско пространство на Плачковица, по што по истата патека ќе се вратиме назад во Блатец. 

Тежина: средна

Времетраење: 6 часа

Висинска разлика од почетна точка до врв: 1015 метри

Вода има на 3 места од кои два посилни извори.

Патеката е снимена и достапна во GPX фајл.

Поаѓање од Скопје: 06:00 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар).

Цена: 600 денари

Пријавување (за целосно сигурно одење) најдоцна до петок 03.08.2018 во 17 часот, на Марио Шаревски - 071 216 066 и Верица Тодоровска - 070 342 787 или во порака на facebook страницата на Планинарски предизвик „12 Врвови“ задолжително со име и презиме (доколку сте целосно сигурни дека доаѓате).

УПАТСТВА:

- Тежината на патеката (до врвот) е средна и постои можност за учество на почетници кои имаат малку подготвеност и сакаат да ги зголемат своите можности. (Има голема висинска разлика, но нема опасни стрмни и остри карпести предели и се пешачи по релативно питом планински планински и шумски предел)

- Временските услови се најавуваат за сончево до умерено облачно со услови за мал дожд (https://www.yr.no/place/Macedonia/Vinica/Blatec/long.html) поради што е препорачливо носење на летна опрема: капа, очила и крема за сончање и кабаница/ветровка јакна со долги ракави, резервна маица и капа.

- Задолжително носење на планинарски стапчиња (за стрмни и каменести делови)

- Мобилните телефони да бидат со полни батерии (најмалку 95%)

- Храна од ранец

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција