070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

08 Sep

Кораб   September 08, 2018 - September 09, 2018 Планинарство

img

Кораб е планина во Македонија, на границата со Албанија. На неа се наоѓа највисоката точка (врв) во земјата - Голем Кораб кој е висок 2764 метри надморска височина. Кораб е планинска верига која се протега на правец југ-север. Поради уникатните природни карактеристики делот на планината кој влегува во границите на Македонија, во 1952 година е признаен како дел од националниот парк „Маврово“.

По повод 8 септември денот на независноста на РМ, се организира Традиционалното меѓународно искачување на Голем Кораб која оваа година е закажано за 09 Септември 2018.

На 08 и 09 септември 2018, ДПС Трансверзалец - Скопје организира искачување на Мал и Голем Кораб преку водопадот Длабока река. 

ДВОДНЕВНА ТУРА - 08-09.09.2018

Планинарска патека започнува од с. Рибница на 08.09.2018 и оди преку Попова Ливада и превојот Пралуга се до водопадот на Длабока река. Предвидено е ноќевање во шатори во близина на Длабока река. На 09.09.2018 е предвидено искачување на Мал Кораб а потоа приклучување на групите кои ќе го искачуваат Голем Кораб во традиционалната акција. Враќањето е од Голем Кораб до караула Победа Стрезимир. 

• Карактеристични точки: с.Рибница 1000 мнв – Попова Ливада 1450мнв – превој Пралуга 1700мнв - Видиковец (премин под врв Рибничка Скала) 2000мнв - Длабока река 1950мнв – Мал Кораб 2683 мнв –Голем Кораб 2764 мнв – караула Победа 1440 мнв 

• Висинска разлика: совладување на надморска височина од 2800 м

• Должина на патека: 32 км

• Времетраење: дводневна акција

• Цена: 1100 ден 

• Поаѓање: на 08.09.2018 во 7.00 ч, Пошта- Железничка Скопје

• Пријавување : најкасно до 07.09.2018

Акцијата спаѓа во категоријата тешки планинарски тури

Потребна опрема: планинарски кондури со тврд ѓон, облека според најавата за временската прогноза, опрема за топло сончево но и за дождливо и ветровито време, планинарски стапчиња, храна за дводневен престој на планина, течности најмалку 1 л. попатно има извори-чешми на кои може да се дополни вода.

Локации за полнење вода: с.Рибница, извор и чешма помеѓу Попова Ливада и превој Пралуга, Корапскиот водопад. Овие локации се поминуваат во текот на првиот ден. Во текот на вториот ден локации за полнење вода нема затоа е потребно да се набави залиха на вода во првиот ден.

Напомена:

Акцијата не е за почетници и планинари со слабо планинарско искуство. 

Организаторот го задржува правото да го промени планот, да ја одложи или откаже акцијата во случај на лоши временски услови и непредвидени околности. Сите учесници треба да се со во добра здравствена состојба, да имаат добра психофизичка. Сите планинари на оваа акција поаѓаат доброволно и на сопствена одговорност. Турата ќе се одржи доколку има најмалку 10 пријавени учесници.

Пријавување: Зоран Тодоровски - 070 361 769

ЕДНОДНЕВНА ТУРА - 09.09.2018

Поаѓање од Скопје: Паркинг пред Пошта 2/Железничка во 5:00

Цена: 600 денари

Пријавување и набавка на карти за превоз : најкасно 07.09.2018 на редовен состанок на друштвото секој Четврток од 20 до 21.30ч.

Контакт телефони:

Верица Тодоровска - 070 642 787 / 078 323 661

Јовче Николовски - 071 223 192

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција