070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

16 Sep

Езерски Врв на Шар Планина - 2580 мнв   September 16, 2018 Планинарство

img

Езерски Врв — планински врв на Шар Планина, во северозападниот дел на Македонија. Висок е 2.580 метри.[1] Се наоѓа на главното било во почетниот дел на протегањето на главниот срт на Шар Планина, при што претставува шести врв, а често воопштено се смета како трет поглавен врв на Шар Планина од нејизното протегање од североисток по кое се протега и самата граница помеѓу Македонија и Косово чија линија минува на овој врв. Сместен е на гребенот наречен Езерско заедно со соседниот врв Езерска Чука на север-северо/исток, при што претсавува негова крајна точка/кота на југ-југозапад. Претставува карпест врв чија цела површина е покриена со сипар-камењар од големи кршени камења и карпи, од кои некои се многу климави и се клатат, поради што неговото искачување и стоење на него се доста тешки и опасни. Наречен е со името Езерски бидејќи од двете страни на неговите подножја се наоѓаат по две леднички езера и тоа Доброшките односно Горното и Долното Доброшко Езеро на македонската источна страна стран и убавото и длабоко Големо Јажинско Езеро и Мало Јажинско Езеро, додека и малку понастрана кон Езерска Чука се наоѓа и езерото Црн Вир на косовската западна страна. 

Патека на движење: с. Јелошник (950 м.н.в.) - Доброшки Врв (2334 м.н.в.) - Чаушички Срт (2353 м.н.в.) - Езерски Врв (2580 м.н.в.) - Горно и Долно Доброшко Езеро - с. Јелошник (950 м.н.в.)

Должина: 16 км (8 км во правец)

Тежина: средно - тешка

Опрема: Препорачливо носење планинарски стапчиња, јакна ветровка и кабаница, облека со долги ракави, најмалку 1,5 л вода

Напомена: последните 200 метри и самиот врв се карпест гребен со големи раздробени и климави камења.

Вода: с. Јелошик - чешма во шумата кај долното (прво) бачило

Поаѓање од Скопје: Праркинг пред Пошта 2/Железничка во 5:00

Цена: 450 ден

Пријавување најдоцна до 14.09.2018 на: Јовче Николовски 071 223 192 и Верица Тодоровска 070 342 787

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција