070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

07 Oct

Врв 1/12: Голема Враца на Шар Планина (2582 мнв)   October 07, 2018 Планинарство

img

Новата трета сезона на Планинарски предизвик „12 Врвови“ ја започнуваме со искачување на малкуосетуваниот врв Голема Враца висок 2582 метри, сместен на јужниот крај на главниот срт и било на протегање на Шар Планина, во чие подножје ќе ги видиме и двете природни леднички врачански езера. Голема Враца е величествено висок врв, претпоследен од највисоките врвови над 2500 метри, по редот на протегање на главниот шарски срт, кој многу стрмно и грамадно се издигнува над долината и изворишниот дел на Маздрача над Полог од источната македонска страна и висорамнината Шутман од западна косовска страна. За успешен почеток на третата сезона за искачувањето на Голема Враца нудиме три различни тури, а домаќини ќе ни бидат гостољубивите и вредни мештани на Pozarane-Пожаране (Месна Заедница-Пожаране) кои ќе не угостат и преку пригодна манифестација и програма.

1) ГОЛЕМА И ТЕШКА ТРАНСВЕРЗАЛНА ТУРА: ПОПОВА ШАПКА - ГОЛЕМА ВРАЦА

Патека на движење: Попова Шапка - Карабунар - извори на р. Смрека - превој (седло) со долината на Пена - карпестата порта под врв Трпезница - Челепино - висорамнина Шутман (по делницата бр. 5 на Западна Македонска Трансверзала ЗМТ) - Горно Врачанско Езеро - Голема Враца - Долно Врачанско Езеро - Тиха Вода - водостан Маздрача

Должина: 28 км

Времетрење: 10 часа 

Тежина: тешка

Вода: на 4 места (чешма пред Пл. дом „Смрека“ на Попова Шапка, извор Карабунар, извори на р. Смрека, чешми на Шутман)

Тргнување од Скопје (паркинг пред Пошта 2/Железничка) во 3:30 и пристигнување за поаѓање од Попова Шапка 5:00. 

Доколку се пријават најмалку 10 заинтересирани учесници, можност и да се организира превоз во САБОТА (06.10.2018) со престој во Планинарски дом по вкупна цена од 700 денари (600 денари превоз и учество + 200 денари ноќевање)

2) ТУРА: ВОДОСТАН МАЗДРАЧА - ГОЛЕМА ВРАЦА

Патекa на движење: Водостан Маздрача (1350 мнв) - шумски предел над Маздрача - Тиха Вода - Долно Врачанско Езеро - Горно Врачанско Езеро - Голема Враца (и назад по истата патека)

Должина: 14 км

Времетраење: 7 часа

тежина: средно тешка

Вода: на 1 место (чешма кај водостанот Маздрача)

3) ПРОШЕТКА НИЗ КОСТЕНОВИТЕ ШУМИ И ЗНАМЕНИТОСТИТЕ ОКОЛУ ПОЖАРАНЕ

Патека на движење: Пожаране - Долна Локва (палеонтолошки локалитет) - Прошовска Корија - Будимова Чешма

Должина: 8 км

Времетраење: 3 часа

тежина: лесна

Вода: чешми во Пожаране

Поаѓање од Скопје: 05:00 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар).

Цена: 600 денари

Mожно е доаѓање со сопствен превоз. Се молат сите останати учесници и посетители кои ќе одат со сопствен превоз, да уплатат учество во акцијата од 100 денари (кои ќе се искористат за: изработување на значките и обезбедување на наградите за предизвикот „12 Врвови“, организирање голема 2 дневна забава на крајот на предизвикот, печатење маици, бележење и маркирање на планинарските патеки по кои ги искачуваме врвовите).

Пријавување (за целосно сигурно одење) најдоцна до петок 05.10.2018 во 17 часот, на Марио Шаревски - 071 216 066, Верица Тодоровска - 070 342 787 и Лимонка Тасева - 071 591 260 или во порака на facebook страницата на Планинарски предизвик „12 Врвови“ задолжително со име и презиме и оставен ваш телефонски број за контакт (доколку сте целосно сигурни дека доаѓате).

УПАТСТВА:

- Тежината на првите две патеките е тешка и средна и не се препорачливи за почетници (се искачува голема стрмнина), третата патека е доста лесна прошетка препорачлива за почетници. 

- Временските услови најавуваат сончево и стабилно, но постудено време со есенски услови (https://www.yr.no/place/Macedonia/Other/Golema_Vraca/long.html) заради што е препорачливо носење потопла облека, јакна-ветровка и/или кабаница, капа и резевна маица (пожелно е да се има и лесна јакна ветровка во ранец).

- Задолжително носење на планинарски стапчиња (за стрмни и каменести делови)

- Мобилните телефони да бидат со полни батерии (најмалку 95%)

- Храна од ранец за време на турите (сендвичи, суво овошје, чоколадо и житни плочки, најмалку 1,5 литар вода)

- Ручек гравче во Пожаране

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција