3-221-350

Блог

Спортска Ориентација и Ориентирање во просторот

Ориентација June 18, 2017

Спортска Ориентација е спорт за кој е потребно знаење и умешност со помош на карта и бусола за брзо движење во непознат терен.

Ориентирањето е спорт кој се базира на умешноста за навигација во просторот и брзо движење на натпреварувачите од точка до точка на непознат терен со помош на умешно користење на топографска или спортска карта и компас.

Успехот на овој спорт зависи од брзото и точно навигирање во просторот, решавање на разновидните задачи со здобиени теоретски и практични познавања од топографијата, висока општофизичка, тактична и психичка подготовка.

Спортското ориентирање е вид на натпревар кој се изразува преку следниве карактеристики: на топографска карта на теренот, каде што се изведува натпреварот, судиите вцртуваат маршрута (патека) со должини соодветни на категориите на учесниците на натпреварот по утврден правилник. Оние натпреварувачи кои ќе ги пронајдат сите контролни точки (КТ) за што пократко време, се пласираат на високите места на ранг-листата во лигата за ориентација.

Техниката на ориентирање ги содржи следниве елементи:

  • читање на карта
  • движење по азимут
  • оценка на растојанието
  • откривање (наоѓање) на КТ

Овие натпревари се организираат во: поединечна, екипна и штафетна конкуренција, а исто така се поделени по возраст и пол. Во поединечни натпревари секоја категорија си има посебна точно определена патека и број на контролни точки.

Светски ден на Ориентација / World Orienteering Day - 24 Мај 2017