3-221-350

Блог

Ориентир за ориентација во просторот

Ориентација April 29, 2017
img

Ориентир по дефиниција значи предмет или знак што служи за ориентација. Ориентирање во просторот или ориентација на земјиштето  со помош на ориентири се поврзува со топографската и тактичката ориентација.  

Топографската ориентација најчесто следува по географската ориентација кој се состои во одредување на страните на светот. Топографската ориентација подразбира запознавање на околните топографски и други објекти и детали на земјиштето. Најчесто се спроведува со споредување на содржината на топографската карта со соодветните геогравски елементи на земјиштето, а во отсуство на топографска карта со одредување правци на карактеристични објекти на земјиштето во однос на страните на светот и одредување на растојание до тие објекти кои потоа се користат како ориентири за различни потреби. 

Тактичка ориентација се користи најчесто во спортски или воени цели и активност. Овој вид ориентација се состои во проценка на сопствената положба во однос на распоредот на дејствата и задачите на “конкурентските” позиции. Имајќи ги предвид географската и топографската ориентација се одредува што се знае за “другите”, нивниот  распоред со цел да се избере сопствена тактика и начин на постапување. Ориентацијата како единствен и комплексен процес мора да се врши постојано со цел во секое време секој да знае каде е, каде треба да оди и што треба да направи. 

Доколку се движиме по одредено земјиште кое ни е познато или непознато и притоа сакаме да извршуваме конкретна активност како на пр. определување на сопствената местоположба и правци на движење, покажување и пронаоѓање на објекти или други цели, движење во конкретен правец, неопходно е да користиме ориентири. 

Ориентирите можат да бидат разновидни  статички објекти, карактеристични објекти и детали на земјиштето. Изборот на ориентири, зависи од времето и просторот во кој се изведува одредена активност.  На пример доколку се наоѓате на планина како ориентири најдобро  е да се користат доминантни врвови и возвишенија, карактеристични превои,  маркантни дрвја, карпести отсеци и ред други топографски објекти и детали.  Во ноќни услови како ориентири најчесто треба да се бараат такви објекти кои можат да се проектираат на небескиот свод. Во зима кога земјиштето е препокриено со снег како ориентири најзгодно е да се бараат разни отсеци, карпи, одрони итн., односно објекти на кои снегот не се задржува и најчесто се темни, како и објектите кои се карактеристични и покрај снежната покривка.  За одржување на правецот на движење како најсоодветни ориентири се линиските  објекти (патишта, реки, гребени, бандери, долини и сл.) и разни други објекти лоцирани покрај нив. Наведените ориентири особено треба да се користи ако сте изгубени во непознат планински простор. Во праксата најдбро е да Ориентирите бидат избирани од страна на искусни планинари или Планинарски водачи.