3-221-350

Блог

Ориентација во просторот со компас (бусола)

Ориентација April 29, 2017
img
Ориентација во просторот или ориентација на земјиштето со помош на компас или бусолни инструменти се базира врз искористувањето на особините на земјиниот магнетизам за одредување на правецот север. Компас или бусола е навигациски инструмент за пронаоѓање на правецот споредено со земјиниот магнетен пол. Се состои од магнетизирана стрелка која се врти според правецот на земјиното магнетно поле.
Со цел правилна ориентација во просторот, конструирани се различни компаси или бусолни инструменти чии главен дел е магнетната игла. Магнетната игла претставува тенка силно намагнетизирана челична плочка, која е поставена на вертикален стожер така што слободно може да се движи во хоризонтална рамнина (заради земјиниот магнетизам) секогаш има својство да зазема правец југ-север. Делот кој го покажува правецот север е посебно обележан.
Правецот југ-север кој го покажува магнетната игла е познат како магнетен меридијан и претствува основен правец од кого се мерат хоризонтални агли и останатите страни светот. Во оваа смисла се дефинира и поимот магнетен азимут, кој претставува хоризонтален агол помеѓу магнетниот меридијан на дотична стојалишна точка и правецот на било која друга точка мерен во смисла на движењето на стрелките на часовникот.
Компасите или Бусолните инструменти можат да имаат различна специјална намена, конструкција и дизајн, опремени со разни други делови и ознаки со друга намена, но ако се разбере суштината на принципите на нивната конструкција и функционирање во процесот на ориентација нивното искористување е мошне едноставно. Бусолните инструменти може да бидат рачни, геодетски и артилериски. Кај сите нив најважен дел претставува магнетната игла, иако се присутни разни други делови конструирани за разни намени.
Во зависност од намената за која се користи компасот се разликуваат различни видови на компаси. За ориентирање во просторот при планинарење и практикување на планинарски спортови најчесто се користат компаси или бусоли кои покрај основнот елемент магнетна игла располагаат со голем број на пропратни елементи како што се: базна прозирна плоча со впишани меридијански линии, ориентациона стрелка, ротациона база со азимутни степени, бројни степени за магнетна деклинација, показна стрелка за првец на движење, линјар со мерки впишан на базната плоча и сл. Се одликуваат со можности за мерење хоризонтални и вертикални агли, покажување на цели и ориентири, ориентација, одредување правец на движење, мерење на растојанија и сл.