3-221-350

Блог

img

ДПС „Трансверзалец“ е формиран 1998 година со цел да се доближи и развие планинарскиот спорт во Скопје и Македонија преку квалитет и масовност. Целна група беа младите од градот преку курсеви за ориентација, спасување и алпинизам, водичи, кои ги одржавме во неколку основни училишта.

Прочитај повеќе
img

Планинарскиот дом „Смрека“ е сместен во Скијачкиот центар на Попова Шапка на 1800 м.н.в. во централниот дел на најголемиот планински масив во Македонија, „Шар Планина“. До него се стигнува преку добар 20-километарски асфалтен пат од градот Тетово.

Прочитај повеќе
img

Ориентир по дефиниција значи предмет или знак што служи за ориентација. Ориентирање во просторот или ориентација на земјиштето со помош на ориентири се поврзува со топографската и тактичката ориентација.

Прочитај повеќе
img

Ориентација во просторот или ориентација на земјиштето со помош на компас или бусолни инструменти се базира врз искористувањето на особините на земјиниот магнетизам за одредување на правецот север. Компас или бусола е навигациски инструмент за пронаоѓање на правецот споредено со земјиниот магнетен пол.

Прочитај повеќе
img

Планинарењето е мелем за душата…Релаксира и ослободува од стрес,пред се пешачењето и качувањето по планините го зајакнуваат организамот и телото. Делува позитивно на емоциите,ја подигнува самодовербата,делува на социјалната сфера на животот,овозможува нови познанства и искуства…

Прочитај повеќе
img

Во планините важат други законитости отколку во долините. Тие што сакаат да ги посетуваат планините, треба да ги познаваат тие законитости и да им се прилагодуваат. Следуваат неколку насоки за посигурна посета на планините во зимски услови. Ако немате искуство, најдобро е во планините во зимски услови да се движите заедно со планинарски водичи регистрирани при Федерацијата за планинарски спортови во Македонија (ФПСМ). Што треба да знаете ако во зимски услови учестувате во планинарска акција?

Прочитај повеќе
img

Викендов беше резервиран за предизвикот „12 Врвови“ кој го организираат мојот драг пријател Марио и планинарското друштво „Трансверзалец“. Овојпат бевме на врвот Лисец, највисокиот врв на западните гранки на Осоговo, кој се извишува над Кратовско и Кривопаланечко и чија надморска височина изнесува 1.526 метри. Врвот е лесно достапен, но патот досега не ме однел натаму, па ова ми беше прва прилика да го посетам.

Прочитај повеќе
img

Голем број на планинари кои се искачиле на највисоките врвови на светот, се согласуваат дека подолу наведените 5 планини односно врвови се меѓу најубавите и најпривлечните, но во исто време и меѓу најопасните и најсмртоносните. За убавината доволно говорат величествените фотграфии, а дека се опасни и смртоносни покажува фактот што на нив стотици планинари ги оставиле своите животи, обидувајќи се да ги искачат.

Прочитај повеќе
img

Врз основа на детално изведени ГИС анализи на тридимензионалниот дигитален модел на релјефот на Република Македонија, а користејќи ги претходно наведените критериуми, во Република Македонија се издвојуваат околу 40 планини и планински масиви и тоа...

Прочитај повеќе
img

Четирите централни врвови на Шар Планина се на десната страна на реката Пена. Врвовите се спуштаат стрмно кон реката, што ги прави тешко достапни од таа страна. Трите врва Плат (2398 мнв), Среден камен (2465 мнв) и Безимен-Кривошиски врв (2511 мнв), се сртови на Титов врв (2747 мнв) и затоа се скоро непосетени од планинарите. Четвртиот врв е Црн врв (1933 мнв), во близина на планинарскиот дом „Јелак“ и до него е маркирана патеката, така да сега кон него веќе ги има планинарите.

Прочитај повеќе
img

Република Македонија е планинска земја со околу 40 планини од кои 12 повисоки од 2000 метри. Ниту една држава во Европа, нема толкав број на самостојни планински целини и планински масиви во однос на својата површина. На сите овие планини има околу 260 интересни и впечатливи планински врвови, од кои 85 над 2000 метри. Меѓу нив, посебно се истакнуваат 10-те врвови наведени во текстот, од кои некои се и меѓу највисоките во нашата држава.

Прочитај повеќе
img

Соочувајќи се со повеќе нејаснотии, како и недоволната информираност во однос на именувањето на врвовите на планинскиот масив Челоица-Песјак, овој текст произлезе со цел да се разјаснат називите на четирите највисоки точки на споменатиот планински масив, којшто сѐ уште не го добил заслуженото внимание од страна на истражувачите, планинарите, авантуристите и љубителите на планините и природата, воопшто.

Прочитај повеќе
img

Having time on my hands I joined several mountaineering clubs in Macedonia and the mountaineering club‘”Transverzalec” invited me for a hike. We were going to go for a “not very challenging” 25km (15 mile) hike with about 700 meters ascent and descent and there was a possibility of rain in the afternoon. OK, I know I can do that, the days are long and although it is still early summer, the weather is guaranteed. Right?

Прочитај повеќе

Ако сакате да бидете патувач, поминете ја Шар Планина и ќе бидете спремни за секакви услови, било каде. Никогаш не е лесно и едноставно но ќе видите убавина и ќе ги искусите сите предизвици со кои што би се соочиле кога би отишле на било која планина. Ќе бидете способни да одговорите на било која ситуација во даден момент.

Прочитај повеќе
img

Ориентација во просторот претставува одредување на страните на светот, односно наоѓање на основниот правец север – југ. Поконкретно ориентација во просторот е одредување на сопствената положба или одредување на сопствената стојна точка во однос на страните на светот или пак на некој друг објект, релјеф во просторот.

Прочитај повеќе

Ориентирањето е спорт кој се базира на умешноста за навигација во просторот и брзо движење на натпреварувачите од точка до точка на непознат терен со помош на умешно користење на топографска или спортска карта и компас.

Прочитај повеќе
img

Глобално гледано ориентацијата на замјиштето (географска, топографска или тактичка) ја чинат неколку тематски целини и тоа: ориентација на земјиштето без карта, ориентација на карта и со карта, одредување на стојна точка, движење по земјиштето.

Прочитај повеќе

Македонија денес - Активностите на планинарското друштво „Трансверзалец“

Прочитај повеќе
img

Ориентацијата претставува знаење каде вие се наоѓате во однос на околината, каде сакате да одите, знаење што да барате, во кој правец да одите и колку е тоа далеку. Ова се вештините потребни за спортот Ориентација (Orienteering), " навигација во конкурентску услови на нога во непознат терен користејќи мапа и компас".

Прочитај повеќе
img

Колку што посетата на планините во зимскиот период може да донесе радости и убави моменти, толку може да биде опасна, ако сте неподготвени и неодговорни. - Во зима, никогаш не одите сами низ планините. - Подгответе се за ниски температури, пократки денови, затворени планинарски домови, помал број луѓе низ планините, опасност од лавини, и секако, опасности од лизгање.

Прочитај повеќе
img

Одлука за висината на цената за ноќевање во летен и зимски перио во Планинарски дом „Смрека“

Прочитај повеќе