Ориентацијата претставува знаење каде вие се наоѓате во однос на околината, каде сакате да одите, знаење што да барате, во кој правец да одите и колку е тоа далеку. Ова се вештините потребни за спортот Ориентација (Orienteering), " навигација во конкурентску услови на нога во непознат терен користејќи мапа и компас".
Прочитај повеќеГлобално гледано ориентацијата на замјиштето (географска, топографска или тактичка) ја чинат неколку тематски целини и тоа: ориентација на земјиштето без карта, ориентација на карта и со карта, одредување на стојна точка, движење по земјиштето.
Прочитај повеќеОриентирањето е спорт кој се базира на умешноста за навигација во просторот и брзо движење на натпреварувачите од точка до точка на непознат терен со помош на умешно користење на топографска или спортска карта и компас.
Прочитај повеќеОриентација во просторот претставува одредување на страните на светот, односно наоѓање на основниот правец север – југ. Поконкретно ориентација во просторот е одредување на сопствената положба или одредување на сопствената стојна точка во однос на страните на светот или пак на некој друг објект, релјеф во просторот.
Прочитај повеќеОриентација во просторот или ориентација на земјиштето со помош на компас или бусолни инструменти се базира врз искористувањето на особините на земјиниот магнетизам за одредување на правецот север. Компас или бусола е навигациски инструмент за пронаоѓање на правецот споредено со земјиниот магнетен пол.
Прочитај повеќеОриентир по дефиниција значи предмет или знак што служи за ориентација. Ориентирање во просторот или ориентација на земјиштето со помош на ориентири се поврзува со топографската и тактичката ориентација.
Прочитај повеќе