3-221-350

Ориентација во просторот Како да си го пронајдете патот во планина ?

Спортска Ориентација е спорт за кој е потребно знаење и умешност со помош на карта и бусола за брзо движење во непознат терен.


Што е Ориентирањето во Просторот ?

Ориентирањето е спорт кој се базира на умешноста за навигација во просторот и брзо движење на натпреварувачите од точка до точка на непознат терен со помош на умешно користење на топографска или спортска карта и компас.

Успехот на овој спорт зависи од брзото и точно навигирање во просторот, решавање на разновидните задачи со здобиени теоретски и практични познавања од топографијата, висока општофизичка, тактична и психичка подготовка.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Начини на Ориентација

Глобално гледано ориентацијата на замјиштето (географска, топографска или тактичка) ја чинат неколку тематски целини и тоа:

  • ориентација на земјиштето без карта
  • ориентација на карта и со карта
  • одредување на стојна точка
  • движење по земјиштето.

Секоја од нив преставува засебна целина во која се содржани низа различни начини и постапки за извршување на конкретната задача како работна обврска. Имајќи ја предвид комплексноста на проблемот ориентација сите наведени тематски целини се меѓусебно поврзани и една со друга се надополнуваат.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ
Polaris - North Star
Прочитај повеќе

BMUMOC 2018 - Macedonia

BALKAN CHAMPIONSHIP IN MOUNTAINEERING ORIENTATION - BMUMOC 2018 28-30.SEPTEMBER 2018 OHRID, MACEDONIA Балканско Првенство во Планинарска ориентација е меѓународен натпревар кој се одржува трета година по ред.

Прочитај повеќе

Планинарска ориентација - Суви Лаки, Огражден

На 09 и 10 Јуни 2018 год се одржа 3-то и 4-то коло во Планинарска ориентација на падините на планината Огражден, месност Суви Лаки . Во натпреварите учество земаа членови на ДПС Трансверзалец - Скопје. Планинарите се...

Прочитај повеќе

Обука ориентација во просторот

На 08 мај 2018 година од страна на ДПС Трансверзалец од Скопје беше одржана Обука за ориентација на отворен простор во Градскиот парк - Скопје наменета за наставници од Полска, Велика Британија, Турција, Романија...

0
0
0