070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Извештај од акција

01 Oct

Салаковски Езера   October 01, 2017   Планинарство

Салаковски езера се две езера кои се единствените постојани езера на планинскиот масив Мокра. Наречени се Салаковски Езера (Големо и Мало Салаковско Езеро), а се наоѓаат во месноста Езериња на североисточните делови од Караџица односно под врвот Убава, висок 2353 метри. Планинарското друшто Трансверзалец првиот октомвриски ден го резервираше токму за посета на овие уникатни езера. Акцијата започна од селото Црн Врв кое се наоѓа на 1.292 мнв. 150 планинари од Скопје но и од други делови на земјава меѓу кои и планинари од Неготино, Кочани се искачија до Салаковските Езера (2.180 мнв) а дел од планинарите и до врвот Убава (2.353 мнв). Фотографии на Кузман Ризовски и Ljupco Jovcevski


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција