070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Извештај од акција

06 Oct

BMUMOC2017 - Rajac, Srbija   October 06, 2017 - October 08, 2017   Ориентација

Во периодот од 06 до 08 Октомври 2017г. вo Рајац, Р. Србија беше одржан Меѓународен Натпревар во Планинарска Ориентација - BMUMOC2017 организриан од страна на Планинарскиот Сојуз на Србија. Меѓународниот Натпревар во Планинарска Ориентација - BMUMOC2017 е инициран од Балканската планинарска унија (BMU) со цел обновување на овој интересен спорт кој последен пат на бившите југословенски простори бил одржан во раните 90ти години од минатитот век. Балканската планинарска унија (БMU) претставува унија на 10 национални планински сојузи меѓу кои Албанија, БиХ, Црна Гора, Бугарија, Грција, Словенија, Србија, Турција и Хрватска меѓу кои и Македонија(ФПСМ). Натпреварот во планинарска ориентација претставува тест за нивото на вештините, искуствата како и употребата на техничките средства (топографска карта, компас) за движење во природа, посебно во непознати планински предели. Меѓународниот натпреварот во планинарска ориентација вклучи натпреварувачки тимови од 3 до 5 натпреварувачи поделени во четири категории Пионери, Јуниори, Ветерани и Сениори, независно од полот на кандидатите. Натпреварот беше поделен на два дела: теренски ориентациони натпревари, дневен и ноќен, како и на теоретско и практично тестирање каде натпреварувачите ги покажуваа вештините и знаењата поврзани со ориентација во просторот, читање на топографски карти со помош на бусола, ориентирање без компас во ноќни и денски услови, врзување јазли, планинарство, прва помош во планина и сл. На овој меѓународен натпревар учество земаа 23 натпреварувачи од Македонија поделени во 6 тимови со различен број на членови во секој тим. Македонија се претстави со еден Јуниорски тим, два тима во категоријата за Ветерани и три тима во Категоријата Сениори. Натпреварувачите кои ја претставуваа земјата на Меѓународниот Натпревар во Планинарска Ориентација - BMUMOC2017 обезбедија пласман преку учеството во Државните Првенство во Планинарска Ориентација во Македонија поддржано од Федерација на Планинарски Спортови на Македонија (ФПСМ). Македонските тимови беа предводени од Селекторот на репрезантацијата Душко Бошковски. Предвидено е одржување на натпреварување во планинарска ориентација секоја година во различни држави членки на Балканската планинарска унија (BMU), Македонија ќе биде земја домаќин во 2019 година.


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција