070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Извештај од акција

03 Dec

Попово гумно (1.193 мнв.) на Китка   December 03, 2017   Планинарство

На 03.12.2017г. повеќе од 70-на планинари и љубители на природата од Скопје и од други градови на Македонија го реализираа третото од 12-те искачувања во рамките на т.н. Планинарски предизвици „12 Врвови“. Планинарското друштво „Трансверзалец“ во соработка со извидниците од Извидничкиот Одред „Браќа Миладиновци“, на оваа акција засадија над 100-на зимзелени садници и борови дрвца. Целта на акцијата беше искачување на врвот Попово гумно на Китка (1.193 мнв.). Учесниците се движеја по маршрутата : Вртекица – Китка – Попов Гумно – Градовци. Следна четврта акција од „12 Врвови“ ќе биде во јануари следната година. Претходно во октомври беше искачен првиот врв, Плавник, на Даутица (2.126 мери), а во ноември врвот Зајачница на Сува Планина (1.760 метри). Фотографии на Драган Михајлов и Филип Христов.

 


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција