070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Извештај од акција

24 Dec

13-то традиционално зимско искачување на Титов Врв   December 24, 2017   Планинарство

На 24 декември 2017г. се одржа 13-то традиционално зимско искачување на највисокиот врв на Шар Планина, Титов врв висок 2.747 м. Во акцијата учество земаа планинари од Србија, Босна, Црна Гора, Косово, Албанија, Бугарија, 15 учесника од Европа од повеке држави и секако најголем број на учесници од Македонија. Вкупно беа избројани 456 планинари по Вакафска патека, без оние што одлучија да се движат по зимската патека по гребенот и покрај одлуката на организаорот за движење по Вакуфската патека поради временските услови. Организаторот беше приморан поради јакиот ветер да ја смени маршутата се со цел безбедно искачување. Ограничени од временските прилики, акцијата организаторот ја прекина до половина на врвот Бакардан 2.704м., се однесува на делот од кота до врвот Бакардан, до 2430 м. Ветерот беше немилосрден и најголема неприлика во искачувањето, летаа капи, ракавици и друга планинарска опрема, најголем проблем беше физичкиот напор да се совлада ветрот кој ги буткаше планинарите. Организаторот донесе одлука за запирање на искачувањето и по радио станици беше даден налог на водичите да ги враќаат групите назад поради безбедносни причини. Поголемиот број на учесници ја почитуваат одлуката на организаторот и се вратија назад по патеката, но имаше и десетина непослушни кои одлучија на сопствена одговорност да го продолжат искачувањето, дел од истите го искачија Титов врв за 8 часа, дел го искачија Врвот Бакардан. Зимското традиционално искачување се затвори без поголеми невољи. Планинарите ја завршија акцијата со дружење во планинарскиот дом Смрека со посно гравче. Се надеваме дека во иднина ќе се унапреди свесноста на планинарите и ќе се зголеми бројот на пријавени учесници, со цел подобра организација и безбедност на акциите. Апелот се однесува на оние кои самоволно се приклучуваат на акциите и не ги почитуваат упатствата на организаторите. Како план за наредната година останува да се направи и зимската маркација до Титов врв. Фотографии на Ана ТРаварич, Томче Јовановски, Кире Димов, Зорица Богданова.


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција