070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Извештај од акција

20 Apr

Богомилски Марш 2018   April 20, 2018 - April 22, 2018   Планинарство

Богомилскиот Марш започнува од железничката станица вонаселеното место Богомила. Патеката продолжува до прекрасното село Папрадиште за да по два часа пешачење се пристига во п.дом Чеплес сместен на прекрасна шуместа локација на 1.460 мнв. Во овој дом се ноќева. Рано предзори наредниот ден почнува искачување на највисокиот врв на планината Јакупица фамозната Солунска Глава со 2.540 мнв.

Искачувањето е долго и напорно.Следува спуштање кон волшебното Бегово Поле, каде се прави поголема пауза со цел да ја впиеме енергијата која кружи околу нас.Продолжуваме кон п.дом Караџица каде се ноќева .П.дом Караџица е познат по добрите забави.Наредниот ден нашата крајна цел е Крстовар (врв на Водно) До таму се пешачи околу 10 часа а се поминува нез неверојатни предели прекрасни шуми и ливади.Попатно се минува низ с.Алдинци ,с.Цветово, Маркова Сушица, с Соње. Патека долга 59 километри со Македонските Прекраснотии! Неверојатно возбудлив марш, кој долго останува во сеќавањата на секој учесник.

Текст на Зоран Тодоровски.
Фотографии на Бојан Стојчевски.


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција