070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Извештај од акција

01 Jul

КАНЕШ на Стогово (2218 м.н.в.)   July 01, 2018   Планинарство

На 1 јули на прекрасни временски услови со многу сончево, ведро и топло време, планината Стогово беше преплавена и ишарана од над 80-ина планинари од Скопје, Гостивар, Прилеп, Битола, како и придружба на мештани од Могорче, при што покрај зацртаниот десети врв за планинарскиот предизвик „12 Врвови“ - Канеш висок 2218 м.н.в. беа искачени и уште неколку околни планински врвови на Стогово повисоки од 2000 метри. Група до околу 40 планинари ја започна потешката тура од селото Могорче движејќи се по стрмна шумовита падина со букова шума и стари борови дрвја по долот на реката Белешница, од каде над ледничкото езеро Маруша еден дел се одвои и го искачи врвот Стогово висок 2218 м.н.в. додека останатите преку прекачување на планинското седло високо 2136 м.н.в. се спушти по висорамнината Лучишта и од местото Крстец достигна до гребенот на највисоките врвови на Стогово од каде беа искачени и двата врвови - Канеш 2218 м.н.в. и највисокиот врв Голем Рид (Бијук Дорук) 2271 (2268) м.н.в. Оттаму групата продолжи слегувајќи по долот на Гарска Река до селото Гари изминувајќи над 25 километри. Другата група планинари започна со движење од Гари по долот на Гарска Река по планинарската патека која е делница на Западната македонска трансверзала (ЗМТ) достигна до Мегданица искачувајќи го врвот Мегданица висок 2135 м.н.в. кој се извишува наспроти Канеш и Голем Рид (Бијук Дорук), додека еден дел го искачи и самиот врв Канеш. Враќајќи се низ долот на Гарска Река двете групи го завршија ова планинарско освојување на Стогово во селото Гари


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција