070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Извештај од акција

14 Jul

Лешница 2018   July 14, 2018   Планинарство

На 14.07.2018 од страна на ДПС Трансверзалец беше организирана планинарска тура до долината Лешница. Искачувањето започна во 8 часот од планинарскиот дом „Смрека“ на Попова Шапка (1800 мнв) по трансферзална патека која го следи земјениот пат до церипашинското бачило од каде што скршнува на запад кон седлото под врвот Плат (2150 мнв). По кратка пауза во подножјето на Лешнички Водопад, следејки го течението на Лешничка река, се продолжи со спуштање кон пределот наречен Долна Лешница (1450 мнв). Од тука помал дел од групата планинари се упати да ги „истражи“ кадите на Кривошиска река, додека поголемиот дел движејки се по живописен шумски пат се упати кон крајната цел селото Бозовце (1534 мнв) . На планинарската тура земаа учество над 100 планинари. Должина на патеката 20 km. Пределот на Лешница во планинарските кругови уште познат како срцето на Шар Планина е еден од најживописните предели во Р.Македонија. Фотографии на Никола Видоевски.


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција