На 29.07.2018 повеќе од 100 планинари беа дел од походот за искачување на прекрасните природни леднички езера на Шар Планина: Караниколичко и Скакаличко Езеро организиран од ДПС Трансверзалец Скопје. На оваа акција учество земаа планинари и планинарски друштва од повеќе градови од земјава. Фотографии на Лазо Димитров, Александар Стојчевски, Ели Поповска и Дафина Бобо.