3-221-350

Извештај од акција

02 Dec

ТЕПЕ на Буковиќ (1528 м.н.в.)   December 02, 2018   Планинарство

На 2 декември, група од 60ина планинари и предизвикувачи го искачи врвот Тепе на планината Буковиќ, висок 1528 м.н.в. Движењето започна од превојот Стража од каде движејќи се во источен правец најпрвин низ буковата, шума, а потоа по тревнатото планинско било со повеќе вртачи, под студено, но сончево и ведро време за околу 2 часа групата се искачи на врвот Тепе.

Сончевото, топло време и ведрото небо, заедно со средишната положба на самиот врв овозможија извонредна ретка глетка на цела Шар Планина со сите снежни врвови на сртот од Љуботен преку Пирибег, Кобилица, Титов (Шар), Бакардан, Бориславец, Рудока, Враца до Лера и котлината Полог на север и северозапад, целата планина Кораб на запад, Бистра на југозапад, врвот Добра Вода (Врв 8/12, сезона 1 - 2016/2017) на Челоица на исток и Сува Гора на североисток. Под многу убави временски услови започна спуштањето најпрвин во мала делница по стрмна тревната падина, а потоа по благите патишта и трасата на некогашната пруга - теснолинејка на вовчето „Киро“ низ букова шума прошарана со брези се до селото Горна Ѓоновица од каде пристигнавме до пештерата Убавица. Пештерата Убавица како вистинска убавица со својот раскош од природни пештерски украси, ходници и подземна река, ги воодушеви присутните кои ја посетуваа, истражуваа, слика и снимаа нејзината убава внатрешност и нејзините жители - заспаните лилјаци, повеќе од половина час.

По мала седенка во рибникот - мрестилиште на водите од подземната река, и уште околу половина час пешачење акцијата беше завршена на последните убави сончеви зраци на овој краток декемвриски ден.


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција