3-221-350

Извештај од акција

13 Jan

Врв Свински Камен 1628 мнв, Скопска Црна Гора   January 13, 2019   Планинарство

На 13.01.2019 година, во вистински зимски снежни услови од почетната па се до крајната точка, група од 50 планинари и презвикувачи од Скопје, Куманово, Битола го искачија врвот Свински Камен висок 1628 м.н.в. по вистинска трансферзална планинарска тура од 23,6 километри на Скопска Црна Гора. Групата започна со движење од кумановското село Матејче од каде по снежното подножје прошарано со дабови и нискостеблести грмушки навлезе на падините на Скопска Црна Гора, во овој предел нарекувана Карадак, од каде движејќи се низ зимзелена борова шума и десетина сантиметри висок снег и среќавајќи групи на ловџии по изминати 7 километри пристигна во величествениот средновековен Жеглиговски (Матејчки) манастир посветен на Успението на Пресвета Богородица. По паузата и разгледувањето на манастирската црква, групата продолжи искачувајќи ги падините на Скопска Црна Гора каде височината на снежната покривка се зголемуваше како се искачуваваше повисока надморска височина. Пробивајќи и разгазувајќи го високиот и мек снег, огреа и сонце и се разведри небото со што се крена и веселото расположение. По околу 5 часа и 30 минути и 17 изминати километри планинарите се искачија на врвот Свински Камен од каде се пружаше прекрасна глетка на цело Кумановско, Скопско, величествените Шар Планина со сите свои врвови од Љуботен па се до Враца, Мокра со Солунска Глава, Лисец, Китка. По дружбата и одморот групата продолжи со спуштање на скопската страна на југоисточната падина кон Раштак каде во месноста Калеш Мара беше пречекана и домаќински угостена со топол чај и стари убави вина и пиво од ловџиите во Рашак. По околу 10 часа пешачење низ снег и изминати 23,6 километри групата пристигна во Раштак, каде беше пречекана во просториите на селската црква од гостољубивите домаќини организирани со поддршка од нашиот Љупчо Јовчевски, кои не угостија со топол чај, греена ракија, закуска. Задоволни но и уморени од убавата снежна тура со последните сончеви зраци си посакавме успешна нова година со многу искачени врвови и убави мигови. Слики на: Бобан Китановски, Марио Шаревски


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција