070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Извештај од акција

10 Jun

Планинарска Ориентација - Второ Коло, Суви Лаки   June 10, 2017 - June 11, 2017   Ориентација

На падините на планината Огражден во месноста Суви Лаки, на 10 и 11 Јуни 2017 се одржа Второто коло од Лигата во Планинарска Ориентација. Второто коло го организираше ПАОК “Ентузијаст” од Струмица, со поддршка на Федерацијата на Планинарски Спортови на Македонија (ФПСМ). Натпреварувачките тимови ќе се квалификуваат за Балканското Првенство кое ќе се одржи во Р.Србија – Септември – Октомври 2017. ДПС Трансверзалец од Скопје учествуваше со неколку тимови во категориите Жени Сениорки, Мажи Сениори и Мажи Ветерани.
Ноќниот натпревар се одржа на 10.06.2017 додека Дневното нaтпреварување на 11.06.2017. Натрпеварувачите го покажаа и теоретското познавање на Прва помош со решавање на тестови. Благодарност до ПАОК “Ентузијаст” од Струмица за одличната организација на натпреварувањето.

 


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција