070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

За Нас

Кратка историја на ПДС Трансверзалец

ДПС „Трансверзалец“ е формиран 1998 година со цел да се доближи и развие планинарскиот спорт во Скопје и Македонија преку квалитет и масовност. Целна група беа младите од градот преку курсеви за ориентација, спасување и алпинизам, водичи, кои ги одржавме во неколку основни училишта.

Основачи беа видни планинари со долгогодишно искуство, и како иницијатори на првата планинарска трансверзала Љуботен - Охрид, искачување на Кораб, маратонот Водно – Матка, маратонот Езерски врвови на Шар Планина. Прв претседател беше Владо Коцаре, а денес е Костадинов Зоран, а секретар е Ѓекиќ Марјан. Друштвото до 2001-ва година управуваше со домот „Јелак“ кој е запален-срушен. Денес друштвото управува со планинарскиот дом „Смрека“ на Попова Шапка.

Се трудиме да воведеме редовна линија за Попова Шапка од Скопје која сега оди само за викендите во зима. Во 2000-та година ја издадовме планинарската туристичка карта на Средна Шар Планина (600 КБ), и извршивме маркирање на 70% од обележаните планинарски патеки на истата карта. Друштвото се финансира со членарина, со работа на тешко пристапни места (референтна листа – Дуле), спонзорства и донации.

Друштвото беше еден од главните организатори на Балканијадата во Берово 2006 и Струмица 2001 г. Од 2005 година располагаме со минибус ТАМ со 18 седишта. Главни годишни акции на друштвото се:

  1. Трансверзалата Љуботен - Охрид , крај на месец јули и почеток на месец август
  2. Маратонот Езерски врвови – почеток на месец септември
  3. Планинско-Велосипедска трансверзала „Шарски води“ - почеток на септември
  4. Ориентациони натпревари на Водно на пролет и наесен кога се менува саатот
  5. Зимско искачување на Титов Врв - декември
  6. Трансверзала Кајмакчалан - Кожув, Гевгелија, почеток на месец јули

Планинарски дом „Смрека“

Планинарскиот дом „Смрека“ е сместен во Скијачкиот центар на Попова Шапка на 1800 м.н.в. во централниот дел на најголемиот планински масив во Македонија, „Шар Планина“. До него се стигнува преку добар 20-километарски асфалтен пат од градот Тетово.

Вкупниот капацитет на домот е 102 кревета, од кои 95 се регуларни кревети а 7 помошни. Креветите се распоредени во 15 соби од кои 6 се четворо-креветни со купатилa, а останатите соби имаат заеднички купатила (едно купатило на секои три соби).

Домот е отворен преку целата година, во него работи бифе со ресторан со 98 места, диско клуб – пинг-понг сала, перална, ТВ сала. Домот се затоплува со централно греење.

Од домот освен до Четирите централни врва, можни се и планинарски тури по цела Средна Шара.

Награди и признанија


Наши соработници