3-221-350

Најава за акција

30 Mar

Ориентација - Отворено Првенство на Скопје   March 30, 2019 - March 31, 2019 Ориентација

img

Бидете дел од нешто поинакво! 

Ориентирајте се во просторот со помош на компас и карта! 

30 -31 Март 2019 година

Ориентациониот клуб Трансверзалец и Федерација на Планински Спортови на Македонија ве покануваат да бидете дел од два Ориентациони натпревари во Спортска и Планинска Ориентација на локациите Градски Парк –Скопје и планината Водно.

Спорт за сите генерации! Млади и стари, мажи и жени, спортисти и рекреативци! 

Сабота -30.03.2019

Спринт Дневна трка – Спортска ориентација  старт 11.00ч. Градски Парк Скопје

Ноќна трка – Планинска ориентација старт 19.30ч. Врв Водно

Недела -31.03.2019

Дневна трка – Планинска ориентација старт 9.30ч. Врв Водно

Натпреварот во Градски парк е трка во Спортска ориентација и ќе биде наменето за почетници, деца и рекреативци за чија цел ќе биде отворена посебна категорија ОПЕН. Исто во овој натпревар се организира трка за спортисти ориентирци за категориите поединечно натпреварување:

Ж/М-14, Ж/М-16, Ж/М-18, Ж/М-21, Ж/М-35, Ж/М-45, Ж/М над 55

Натпреварите на Водно се трки во Планинска ориентација екипни (3 до 5 члена) од ист Планинарски клуб

Категории: пионери до 15 години, јуниори до 18 години, сениори од 18 до 46 години и ветерани над 46 години.

Поставувачи на патеки: Иво Бошковски и Мирко Даневски

Контролор и директор на настанот: Душко Бошковски

Наскоро ќе бидат објавени деталите за Програмата и Натпреварите.

Информации и Контакт:

ФПСМ - Душко Бошковски 070/317 740 

ОК Трансверзалец - Мирко Даневски 078/224 868 и Иво Бошковски 076/465 596 

Пријави за натпреварите до 21.03.2019 год. на меил  transverzalec@t.mk

transverzalec@gmail.com

Ве Очекуваме!

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција