070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

03 Mar

Врв 6/12: Уво на Осогово (1472 мнв)   March 03, 2019 Планинарство

img

На почетокот на март на прагот на пролетта го искачуваме шестиот врв и воедно 30 врв вкупно до сега: УВО на Осоговските Планини. Врвот Уво со висина од 1.472 м е всушност е дел од парот вулкански купи Уво-Буковец, на 4 км источно од планината Плавица, западна огранка на Осоговските Планини, на пределната граница помеѓу Пробиштипско и Кратовско. Купите се прилично симетрични, и обете се со истакнатост од околу 250 м. 

Тура: с.ЛЕСНОВО  - врв УВО (1472 м.н.в.) - КРАТОВО  

Патека на движење: село Лесново / Лесновски манастир „Св. Архангел Михаил“ (878 м.н.в.) - Гробљанска Ридина (1050 м.н.в) - Радевски Чукар (1170 м.н.в.) - врв Уво (1472 м.н.в.) - Шашаво (1150 м.) - Долна Крива Јаболка (1000 м.н.в.) - Лешки (830 м.н.в.) - Кратово (603 м.)

Опис на патеката на движење: Започнуваме со движење од убавиот и древен Лесновски манастир изграден во XIV век во селото Лесново, од каде по лесни патеки низ пространството исполнето со расфрлени планински гребени и ридови ги заобиколуваме Илински и Буков Врв и движејќи се низ висорамнински предел достигнуваме до стрмното подножје од каде го искачуваме врвот Уво целиот обраснат со густа габрова, дабова и букова шума од каде минувајќи под соседниот врв Буковец се спуштаме низ борова и букова шума и минувајќи крај вулкански црвено-песокливи мелови спуштајќи се низ долот под ридот Лешки слегуваме во Кратово, каде во договор со градските власти ќе посетиме дел од кулите и културно-историското наследство на градот, а ќе има можност и за седенка со кратовска пастрмајлија, вино и освежувања.

Вкупна должина: 13 км

Вкупно времетраење: 6 часа

Тежина: средна

Вода: на почетна и крајна точка во Лесновскиот манатсир и Кратово (задолжително носење најмалку 1,5 л вода)

Поаѓање од Скопје (03.02.2019): 06:00 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар).

Почеток од село Лесново на паркингот пред Лесновскиот манастир во 08:00 h. 

Цена: 600 денари (500 денари превоз + 100 денари учество во предизвикот)

Бидејќи турата е трансферзална и се тргнува од една, а се завршува на друга точка, одењето со сопствен превоз е отежнато и растојанието помеѓу Лесново и Кратово по асфалтен пат е 32 км. Се молат сите останати учесници и посетители кои ќе одат со сопствен превоз, да уплатат учество во акцијата од 100 денари (кои ќе се искористат за: изработување на значките и обезбедување на наградите за предизвикот „12 Врвови“, организирање голема 2 дневна забава на крајот на предизвикот, печатење маици, бележење и маркирање на планинарските патеки по кои ги искачуваме врвовите).

Пријавување (за целосно сигурно одење) најдоцна до петок 01.03.2019 во 17 часот, по телефони на : Марио Шаревски - 071 216 066; 078 323; 071 591 260 или во порака на facebook страницата на Планинарски предизвик „12 Врвови“ задолжително со име и презиме и оставен ваш телефонски број за контакт (доколку сте целосно сигурни дека доаѓате).

УПАТСТВА:

- Тежината на патеката е средна и не е препорачлива за почетници

- Временските услови ќе ги проверуваме на следниот линк од норвешкиот сајт за временска прогноза (https://www.yr.no/place/Macedonia/Other/Lesnovo/

- Се искачува  на крајот и преодот помеѓу зимата и пролетта со можност за променливи зимски и сончеви временски услови, остатоци од снег, заради што задолжително носење на потопла облека соодветна на зимски услови: подебела и потопла јакна (или polar) со заштита од врнежи, блузон, капа, ракавици, добро разгазени планинарски чевли високи до глужд резервна маица, планинарски стапчиња. Препорачливо е носење на очила за сонце,  гамашни за одење низ снег, челна ламба и батерија за осветлување (во ранец). 

- Мобилните телефони да бидат со полни батерии (најмалку 95%)

- Храна од ранец за време на турите (сендвичи, суво овошје, чоколадо и житни плочки, најмалку 1,5 литри вода)

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција