070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

07 Apr

Врв 8/12: Трите Страги на Дрен (1476 мнв)   April 07, 2019 Планинарство

img

Поради временско-климатските прилики и влијанието на остатоците од снегови на големите бистрански височини и жештината и малуводноста на пониските мариовски долини, правиме замена во редоследот на одржувањето на седмиот и осмиот предвиден врв па овој април го искачуваме Врв 8/12: Трите Страги на планината Дрен во Мариово, каде ќе имаме тура со спој на извонредна природа, географија, историја, културно наследство, недопрена и обрасната дивина, најретко посетувани и видувани глетки (следете ги објавите и сликите во овој настан кој ќе следат деновиве)!! Планинарска и истражувачка посета на недопрената дивина на Мариово како преднајава и увертира на нашите пријатели од големиот фестивал на отворено Mariovo Off-Road Experience 2019!

Долга тура: село ВЕПРЧАНИ - превој НИКУЛИЦА  - превој КЛЕН  - село ГУЃАКОВО - камен ПИСАНИК - превој КЛЕН - врв ТРИТЕ СТРАГИ (1478 м.н.в.) - село ВЕПРЧАНИ

Патека на движење: Црква Св. Димитрија с.Вепрчани (855 м.) - превој Никулица (1136 м.) - пештера Гулабинка (?!) - превој Клен (990 м.) - село Гуѓаково (546 м.) - камен Писаник (520 м.) - спомен плоча на местото на убиството на војводата Толе Паша  во Кленски дол (920 м.) - Камена Страга (1221 м.) - врв Трите Страги (1476 м.) - Скрлик (1084 м.) - влез на рудник за мермер над село Вепрчани (875 м.)

Должина: 20 km

Времетраење: 8 часа

Вкупна висинска разлика (денивелација): 1273 м 

Тежина: ТЕШКА 

Вода: на 3 места во дворот црквата Св. Димитрија, долот Вирови над Вепрчани, селска чешма во Гуѓаково (задолжително носење на најмалку 2 литри вода!!!)

Кратка тура: село ВЕПРЧАНИ - превој НИКУЛИЦА - врв ЧАРДАЦИТЕ - врв ТРИТЕ СТРАГИ (1478 м.н.в.) (и назад)

Патека на движење: Црква Св. Димитрија с.Вепрчани (855 м.) - превој Никулица (1136 м.) - пештера Гулабинка (?!) - врв Чардаците (1237 м.) - врв Трите Страги (1476 м.) и назад по истата патека

Должина: 8,78 km

Времетраење: 5 часа

Вкупна висинска разлика (денивелација): 621 м 

Тежина: СРЕДНА

Вода: на 2 места во дворот црквата Св. Димитрија, долот Вирови над Вепрчани (задолжително носење на 1 - 1,5 литри вода)

Поаѓање од Скопје (07.04.2019): 05:00 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар).

Се патуваат 170 km во правец, од кои 10 km од Дуње до Вепрчани се земјен макадамски пат каде возењето трае околу 1 час, со што целото патување трае 3 часа во правец, ве молиме бидете навремени за да тргнеме на време!!! 

Цена: 700 денари (600 денари превоз + 100 денари учество во предизвикот)

Во Мариово во Вепрчани (само 4 жители) и Дуње нема продавници ниту било какви услови од современиот живот и цивилизација кои се одалечени 45 км во Прилеп!  Можност за седенка со прилепски специјалитети: ширден, скара, риба за Благовец, пиво ќе имаме во Прилеп на враќање, за што е потребна најава пред тргнување, за да може се знае точна бројка и навремена подготовка.

Пријавување (за целосно сигурно одење) најдоцна до петок 05.04.2019 во 17 часот, на Марио Шаревски - 071 216 066, 078 323 661, 071 591 260 или во порака на facebook страницата на Планинарски предизвик „12 Врвови“ задолжително со име и презиме и оставен ваш телефонски број за контакт (доколку сте целосно сигурни дека доаѓате).

УПАТСТВА:

- Тежината на долгата патеката е ТЕШКА и не се препорачува за почетници кои не можат да издржат повеќекратко искачување и спуштање во значително топол предел обрасат со бујна растителност и доста инсекти, кратката тура средна и се препорачува и за напредни почетници кои можат да издржат подолго пешачење.

- Временските услови ќе се следат на:  https://www.yr.no/place/Macedonia/Other/Dunje/long.html

- задолжително носење на облека соодветна на пролетни и потопли услови: добро разгазени планинарски чевли високи до глужд, резервна маица, јакна ветровка - шушкавец (доколку има најава за дожд кабаница - во ранец), крема за сончање, очила за сонце, капа, планинарски стапчиња. 

- поради големата висинска разлика и должина, големата топлина на воздухот постои појава на силна ожеднатост за што задолжително е носење на 2 литри вода!!!

- Мобилните телефони да бидат со полни батерии (најмалку 99%) 

- во Кленски Дол и Гуѓаково воопшто нема мрежно покривање за телефон на сите оператори ниту има струја!!! Внимателно движење во група и никако оддалечување од колоната без најава на водичите кои ќе носат радио-станици

- Храна од ранец за време на турите (сендвичи, суво овошје, чоколадо и житни плочки, најмалку 1,5 литар вода)

Турите почнуваат и завршуваат во селото Вепрчани поради што постои можност за одење со споствен превоз, но 10 km од Дуње до Вепрчани се земјен макадамски пат каде возењето трае околу 1 час.  Доколку се одлучат учесници за одење со свој превоз, се молат сите останати учесници и посетители кои ќе одат со сопствен превоз, да уплатат учество во акцијата од 100 денари (кои ќе се искористат за: изработување на значките и обезбедување на наградите за предизвикот „12 Врвови“, организирање голема 2 дневна забава на крајот на предизвикот, печатење маици, бележење и маркирање на планинарските патеки по кои ги искачуваме врвовите).

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција