070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

14 Jan

Врв Кара Тепе 997мнв планина Плавуш Јосифово 4/12 врвови   January 14, 2024 Планинарство

img
Акција бр 4 од 12 Врвови,
Недела 14.01.2024 година.
Врв Кара Тепе со 997 мнв на Планина Плавуш
Почетна точка с. Калково од Џамијата 120 мнв,
завршеток на турата с. Јосифово 80 мнв
Должина на патеката 17,2 км +Д 1000 м, -Д 1050 м
Траење на турата 7 часа.
Старт во 8 .00 часот од с. Калково
Ручек во црквата Успение на Пресвета Богородица, с. Јосифово во 15 00 часот
Плавуш или Плауш — мала ниска планина што се простира во средишниот и југоисточниот дел на Македонија, претставува западно продолжение на планината Беласица, каде е одделена со падините во селото Костурино и продолжение на Градешка Планина, со правец на протегање СЗ–ЈИ. Највисока точка е котата 997 м. Составена е од амфиболити, кристалести шкрилци и кварцити. Осамените и ниски врвови завршуваат со сиви варовници. Планинските страни спрема Крива Лакавица и Бела Река се терасирани и дисецирани со абразиони и флувијални процеси. На северозапад се соединува со Градешка Планина, а на север се наоѓа реката Водочница и селото Водоча, и планината Смрдеш. На југозапад од Плавуш е областа Бојмија, а на североисток е Струмичкото Поле.
Со убави погледи на реката Вардар, Милкин врв, Брана Водоча и Други врвови.
Се поаѓа од паркингот на Пошта 2 на Железничка станица во 5.30 минути.
Попатно застанување на Алкалоид Автокоманда и слаткарница Шарлота
Цена на превоз 700 Денари + 100 Денари за акцијата.
Патеката спаѓа во категорија Средно напорна зимска копнена акција.
Исхраната е од ранец. Вода да се носи најмаку 2л. По патот нема вода.
Потребна е зимска слоевита облека, разгазени планинарски кондури.
Пријавување најдоцна до 12.01.2024 (Петок ) до 20 часот.
Контакт: Димче Вче Костов
070 693 039.
Зоран Костадинов 070 641 998 Пеце Иванов 070 217 200

ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција