Планинскиот гребен и врв Аниште кој се наоѓа на пространата планина Дукат се наоѓа во најнепосредната близина на тромеѓето помеѓу Македонија, Бугарија и Србија и воедно ја претставува и најсеверната точка на територијата на Република Македонија. Се издигнува многу стрмно над долот на потокот Клисура при што делува многу грамадно извишено на сета околина, а самиот врв е тревната зарамнета голина. Поради својата местоположба на некогаш многу, а денес помалку прометниот патен правец на ова тромеѓе можно е името да потекнува од анови кои постоеле за починка и преноќување на патниците. Најдобриот пристап за искачување на Аниште е од кривопаланечкото село Луке кон север и североисток. Падините и околината на врвот се обраснати со густа букова гора од која што се сече и разнесува огревно дрво ширум Македонија, како и околните предели на Србија и Бугарија. Целиот предел е исто така многу погоден и за планински велосипедизам и берење на печурки, чај и шумски плодови.
ДОЛЖИНА НА ПАТЕКАТА: 18КМ
ВИСИНСКА РАЗЛИКА : 850мнв искачување
Времетраење: 8 часа
Движење : с.Голеш,Слатиње 1100мнв,Пресека1300мнв,Страже,Самар,Длабок пресплап1611мнв, АНИШТЕ 1786мнв,Длабок преслап,Самар,ЦркваСв.Петка1447мнв,Краиште,Колипска мала,с.Луке 1000мнв.
Поаѓање во 05:00 од пред пошта2 Железничка станица .
Цена 600 ден превоз + 100 ден предизвик
Задолжително : Носење на резервна маица,топла зимска облека,разгазени планинарски чевли,2л вода,храна од ранец,барсови,чоколадца итн.
Контакти:Зоран 070641998
Пеце075217200
Димче:070693039
Пријавување најкасно до 01-03-2024 до 18:00 часот
Ќе има изненадување непознато
Планинарски поздрав се гледаме на настанот.