070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

07 Apr

7/12 врва-сезона 8- Вели Врв-Голјак-1535мнв   April 07, 2024 Планинарство

img

ПСД ТРАНСВЕРЗАЛЕЦ ОРГАНИЗИРА 7/12 ВРВА НА ВЕЛИ ВРВ - Голјак - 1535 м.н.в 07-04-2024
Вели Врв ја претставува највисоката точка со надморска височина од 1.535 метри на Голјак — средновисока планина во Западна Македонија, којашто претставува најсеверна огранка на масивот Бигла. Планината има меридијански правец на протегање и на север е ограничена од течението на реката Треска, на запад со Бржданска Река, додека на југ постепено преминува во повисоката Илинска Планина. Самата планина се наоѓа во изворишното подрачје на горното течение на Треска во областа Копачка во Кичевско, а соголениот врв преовладува со својата стрмна издигнатост наспроти селото Извор и над селото Малкоец во пространство целосно исполнето со планини и густи букови гори.
Поаѓање од железничка станица пред пошта 2во : 06:00
Цена : 600 ден превоз +100 ден предизвик со.три искачени врва си добивате гратис драј фит маичка
Стартна точка село Подвис 660 мнв во 08:10 .прва пауза кај првото училиште на мак.јазик во кичевската околија на 850 мнв., втора пауза кај ловечката колиба во месноста Преслоп на1270 мнв врв Вели врв 1535 мнв,Преслоп,Горно Брждани 860 мнв Висинска разлика околу 880 Должина на патеката околу 13 км вкупно 5-6 часа Веливрв може да се искачува покрај Подвис и Брждани и од Малкоец.Од самиот врв на запад се пружа прекрасен поглед кон Бистра и врвот Два камна и селата Лавчани,Душегубица,Добреноец, Извор.На југ се простираат Стогово и Караорман.На исток Илинска ,Баба сач,Бушева и на север Челоица.Вода има на неколку места
Задолжително носење: На резервна маица,храна од ранец ,чоколадца,барсови задолжително 2л вода
Лица за контакт : Зоки 070641998
Димче: 070693039
Пеце : 075217200
Пријавување најдоцна до 06-04-2024 до 18часот
Планинарски поздрав и се гледаме на настанот 


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција