070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

12 Apr

21-Традиционален Меморијален Марш Во Чест на ЧИЧКО ЈОСИФ ИЛКОВСКИ   April 12, 2024 - April 14, 2024 Планинарство

img
ПСД Трансверзалец од Скопје , во чест на Чичко Јосиф Илковски организира Традиционален планинарски настан кој се состои во две акции :
1 Акција. Екстремна тура:
Прв ден – Петок 12.04.2024 година - Петок со организиран превоз од паркинг на Пошта 2 кај Железничка станица Скопје во 14 часот цена 500 ден.Од С. Нежилово 680 мнв . се оди по планински пат до изворот и водопадот на реката Бабуна на 1.273 мнв. По краток одмор се оди до планинарскиот дом Чеплес на 1420 мнв. Должина на трасата е 15 км и +Д 940 метри и –Д 350 метри. Се преноќува во домот Чеплес. Цена за ноќевање 300 денари во стариот дел на домот и 500 денари во новиот дел на домот.
Втор ден - Сабота 13.04.2024 година, во утрински часови се оди до врв Солунска Глава 2.540 мнв. Од Солунска глава се спуштаме преку Бегово поле се до планинарски дом Караџица, 1460 мнв . Должина на турата 25 км и +Д 1.200 метри и –Д 1.400 метри. Се преноќува во дом Караџица. Цена на спиење и вечера планинарско гравче и салата 500 ден.
Трет ден – Недела 14.04. 2024 година, од домот Караџица се оди до с. Алдинци, с. Преслап, до планинарски дом Китка на 1326 мнв . Спојување со планинарите од еднодневната тура и заедничко
искачување до врв Китка со 1588 мнв. Спуштање до Горно Количани на 650 мнв. Должина на турата 23 км +Д 400 метри и –Д 980 метри
Вкупна должина на турата 63 км и +Д 2540 метри и –Д 2.560 метри.
Исхраната е од ранец , Храна за повеќе денови. Вода да се носи најмалку 2л.
Потребна е зимска слоевита облека за повеќе денови, разгазени планинарски кондури.
вода чаеви,чоколадца,итн облека спрема временската прогноза обавезно капа,очила за сонце, крема за сонце,ракавици,јакна итн.
2. Акција. Рекреативна тура :
Недела 14-04-2024 година . Се поаѓа од Паркинг 2 од Железничка станица во Скопје
Цена на превозот е 200 денари.
Тргнување накај врв од г.Количани до пл.дом Китка 1326 мнв каде се среќаваме со планинарите од Екстремната акција. По краток одмор , кој сака и може да се искачи до врв Китка 1588 мнв и назад до карпата споменик на Чичко Јосиф, во 14 часот, спомен со фотографирање и пригоден говор . Од таму се враќаме во г.Количани .Должина 16км со врвот 18 км , +Д 930 метри и –Д 930 метри
Исхраната е од ранец. Вода да се носи најмаку 2л. По патот има вода.
Потребна е зимска слоевита облека, разгазени планинарски кондури.
Пријавување за екстремната тура до 11.04.2024 (четврток ) до 20 часот , а за рекреативната до 13.04.2024(сабота) до 12 часот
Контакт: Димче Вче Костов 070 693 039
Зоран Костадинов 070 641 998
Пеце Иванов 075 217 200

ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција