070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

07 Jul

10/12 сезона 8 врв Порта Кожув   July 07, 2024 Планинарство

img

ПДС Трансврзалец организира 10/12 врва на 07-07-2024 ПОРТА - Кожуф - 2097 м.н.в
Порта е врв во средишниот дел на северната падина блиску до главниот срт на протегање на планината Кожуф, во Република Македонија. Неговата височина изнесува 2.097 метри. Врвот Порта се наоѓа во средишниот дел на планината Кожув на нејзината северна падина, многу блиску од главниот срт на нејзиното протегање и недалеку од македонско-грчката државна граница, но сепак тој е припаѓа целосно во Македонија бидејќи неговата местоположба е стотина метри целосно внатре во македонска територија. Одвојувајќи се со мал преслап од главниот срт, од врвот Порта кон север започнува пространо разгранување на планинското било на Кожуф, со повеќе планински гребени како што се Греда (2016 м.), Гладница (1989 м.), Стара Мирчевица (1882 м.), Чардак (1937 м.). Сместен е во средина помеѓу двата највисоки врвови на Кожуф - Зелен Брег на исток и Дудица на запад, со што тој преовладува и се одликува со забележителен зашилен и истакнат изглед над долгнавестиот гребен. Ваквата местоположба како почеток на повеќе пространи разгранувања и блиску до превојот на главниот срт, му дава значење како влезна „порта“ кон пространата северна падина и планинско било на Кожуф поради што веројатно врвот го добил името Порта.

1 Средно тешка С.. Конопиште 670м тодорчевица бозалот дабранец корито чешма горна бара. Гладница греда греда. Ппорта 2097м, караула порта, марково езрро, Аджибарица 1720 м17.6км+10км=27 6+4=10 часа. 1500мвр
2.Тешка патекаС.. Конопиште 670м тодорчевица бозалот дабранец корито чешма горна бара. Гладница греда. Порта 2097м караула порта. Марково езеро. Чичи каја, асан чешма смрдлива вода33.6км 12 часа. 1550мвр
3 средна патека. Аджибарица марково езеро. Карсула Порта. Врв Порта 2097м и назад 20км 500мвр.8 ч нема вода
Поагање 5 ж.стан. Алколоид и шарлота цена 1100 пријавување до петок 20 ч на 05.07.2024.вода само на пола стаза/корито чешма/
Задолжително носење на 2 л вода ,резервна маица ,облека соодветна за временските услови,барсови ,чоколадца , задолжително носење на капа,шешир на глава поради силното сонце,крема за сончање ,разгазени чевли високи за планинарење,и внимателно движење поради жешкото време можна е појава на змии и различни инсекти.Планинарски поздрав се гледаме на настанот.
Контакт

Зоки: 070641998
Димче : 070693039


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција