Пд Трансверзалец во соработка со пд Бел камен ве води на јужните падини/ недопрени/ на Плачковица врв АСАНЛИЈА 5/12 1550М..02.02.2025 Поаѓање во 5 ч желез. Станица. Алкалоид. Шарлота. мост Хиподрум.. Во 7.30 од с Смиланци 820м.. Живаново бачило.. Маџарите.. Плашица.. Корито.. Асанлија 1550м..преслап..Кара тепе.. Мало кара тепе 1470м.. Семенишки преслап.. Обалте 1423м. Црешна. Метерис.. Припор1301м.. Кучешки гроб.. Козарник.. с. Лаки 744м....19км..8ч..1000 м.в.р.... Цена 1000+100 учество.. Со префрлање во Подареш.. Пријавување. До 31.01...до 18ч
Задолжително носење на 2 л вода , топли пијалоц храна од ранец ,барсови ,чоколадца итн ,задолжително носење на топла зимска резервна облека,разгазени зимски планинарски чевли,
Контакт
Зоки 070641998
Димче 070693039
Пеце 075217200
Во средишниот дел на планината Плачковица се наоѓа пространиот планински гребен Асанлија кој е обраснат со најгустата букова корија речиси до својот врв. Самиот гребен и врв Асанлија се наоѓаат во најшумовитиот горски предел во срцето на Плачковица, при што на исток од него продолжуваат планинските предели и гребени на Малешевските Планини во Беровско, на од запад и југ го заобиколува долот на Смиланска Река во Радовишко во пределот Шоплук и соседниот планински гребен Готен на југоисток, додека кон исток е главното планинско било со врвовите Бел Камен, Вртешка и Туртел кон пределот Јуруклук во Штипско, а на север со повеќе планински гребени завршува во долината на Брегалница на нејзиниот влез во Виничко и Кочанско. Поради ваквата местоположба е возможно трансверзално искачување од селото Смиланци во Радовишко до селото Лаки Виничко, но и од Русиново во Беровско. Македонскиот револуционер Ѓорче Петров во своите записи за искачувањето на врвот Чупино запишал дека на југ погледот ни се губеше во синилото на Асанлија и Момина Чешма, коишто не ни даваа да го видиме Радовишко. На врвот и гребенот Асанлија минува и трасата од секција I4 од патеката на неодамна поставената Бесконечна Македонска Трансверзала - Sammiana. Пределот изобилува со густа букова шума со сенки, извори но и многу колски шумски пасишта за дрвосеча кои пак се користат и за планински велосипедизам и крос мотоциклизам (четирицкли).
ПЛАНИНАРСКИ ПОЗДРАВ СЕ ГЛЕДАМЕ НА НАСТАНОТ