070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Блог

Започнете со ориентирање

Ориентација February 07, 2018
img

Ориентацијата претставува знаење каде вие се наоѓате во однос на околината, каде сакате да одите, знаење што да барате, во кој правец да одите и колку е тоа далеку. Ова се вештините потребни за спортот Ориентација (Orienteering), " навигација во конкурентску услови на нога во непознат терен користејќи мапа и компас".

Ориентерирањето како спорт потекнува од Шведска, каде што во почетокот на 1900-та година, шведската армија сакајќи да ја зачини својата навигациска обука ги поставува темелите на Спортската ориентација, спорт кој потоа се проширува низ остатокот од Скандинавија и поголемиот дел од Европа во средината до крајот на 20 век. Денес ориентационите натпревари се одржуваат низ целиот свет и лесно е да се приклучат почетници, бидејќи натпреварите се дизајнирани за луѓе од различна возраст и со различни степени на способност и подготовка.

На Ориентационен натпрвар ќе најдете достапни натпреварувачки стази за експерти и за почетници. На Стартот ќе подигнете посебна дизајнирана Мапа според вашиот избор и според соодветна натпреварувачка категорија. Стартот на мапата е обележан со триаголник додека Целта е обележана со голем двоен круг. Помеѓу Стартот и Целта  треба да ги посетите одредените точки идентификувани со нумерирани кругови во нумерички редослед на мапата. Секоја точка се нарекува "Контролна точка" и на теренот е обележана со триаголно  црвено и бело знаменце. Знамето е најчесто поставено на кратки столбови на кои е поставена и таканаречената Електронска база за снимање на вашето време и спречување на измами за време на натреварот. Како натпреварувач вие користите Електронски чип со кој го евидентирате вашето време на пристигнување на Контролна точка со регистрирање на Електронската база. Натпреварувачот со сопствениот Електронски чип го регистрира Стартот, Контролните точки и Целта преку Електронските бази и на крајот од натпреварот преку Компјутерски софтвер дизајниран за Ориентациони натпревари добива извештај или резултат за брзината, времето и точноста на одминатата патека.  Финалните резултатие од сите натпреварувачи се објавуваат во термин со кој е предвиден крај на натпреварот. Резултатите обично се ставаат редоследно според постигнатото време на поминување на стазата во дадена категорија. Натпреварувачите со најдобро време, односно оние кои најбрзо ја поминале стазата со сите пројнајдени Контролни точки се високо на листата па можете и вие да видите како вашето време и резултат се споредува со другите конкуренти. 

На непознат терен единствениот начин да знаете што треба да барате е преку користење на мапа. Ориентерањето е во суштина способност да читате и да ги разберете специјално подготвени мапи со големи размери кои покажуваат детали за патеки, вегетациски промени, обликот на земјата (контури) , потоци, мочуришта, огради, згради и сл. Мапите кои се користат за ориентациони натпревари се со размер 1: 15 000, 1: 10 000. Суштинска, но тешка задача за почетниците е да се обучат да ја постават мапата да одговара на теренот во природата. Ова значи постојано вртење на мапата како што одат, така што ако погледнете што е пред вас, тоа е она што е прикажано на мапата.

Откако ќе можете да ја прочитате мапата и да откриете во кој правец треба да се движите, корисно е да научите како да го одредите растојанието односно дистанцата од една до друга точка во просторот. Дистанцата и способноста истата да биде измерена особено е битна како би ја прилагодиле сопствената кондициона поготовка на предизвикот кој треба да се совлада. Како и сè друго, практиката е единствениот начин да се развијат вештини.

Ориентацијата е спорт за сите возрасти, има натпреварувачки и рекреативни категории што значи вклучува поединци со различен степен и ниво на владеење на ориентацијата. Малите деца често почнуваат со следење на курсеви на кратки стази во природа. Најмладата конкурентна возрасна група е 10 години, а најстарата 90 години, со различни возрастни групи помеѓу. Мажите и жените најчесто се натпреваруваат во посебни категории.

Поседувањето на способности за ориентирање ќе ви дозволат да се натпреварувате ако сакате, но најголемите придобивки се во самостојноста и способноста да уживате во истражувањето на ридовите, шумите, планините или било кој простор во кој ќе се најдете. Во секој случај ориентацијата ќе ви овозможи непречено да уживате во непознатите предели на природата и безбедно да откривате нови места.